Press "Enter" to skip to content

По жешкото, полицијата и Црвен крст делеа совети, вода и флаери на велосипедисти и возачи (фотогалерија)

Кампањата се одвива под мотото, “Трни порано, вози побавно, стигни безбедно“ за возачите, “Тргни порано, движисе правилно и прописно, стигни безбедно“ за пешаците, односно како да се однесува во летнниот период, вели Сашо Гилевски, од секторот за превенција при СВР Битола.СВР Битола, Отсекот за превенција, полициската  за БПС, РСБСП  и Црвениот Крст денес на неколку места презедоа превентивни активности поради временските услови високите температури. Превенцијата која започна пред просториите на Црвениот Крст на ул. “Филип Втори Македонски“ беше со делење на вода и сообраќајна поука за возачите на автомобили, велосипедистите и пешаците кои не го почитуваат пешачкиот премин.Сашо Гилевски, началник на секторот за превенција во СВР Битола, за денешните активности рече:-СВР Битола, Отсекот за превенција, полициската  за БПС, РСБСП  и Црвениот Крст се преземаат превентивни актовности низ целиот град. Ние знаеме дека битолчани се културни, дека ги почитуваа правилата и прописите, но на помладите сакаме да и  ја подигнеме сообраќајната свест со укажување. Оние кои возат велосипеди, моторцикли и електрични возила и пешаците, ќе бидат опфатени со кампањата, но нема да се казнува туку само ќе се организира сообраќајна поука. Посебно ќе бидат опфатени оние кои вршат превоз на патници. Денес ќе бидеме сите заедно на неколку пунктови низ Битола, само ќе има превенција, а според мене кој сум 27 година во службата, превенцијата е поефикасна од казната. Кампањата ќе биде и на граничниот премин “Меџитлија“ и на места каде ќе има проценка дека ќе помогнеме.Претседателот на РСБС, проф. д-р Гордана Кожуваровска додаде:

-Во соработка со МВР, ЈП за патишта, АМСМ, Црвен крст и други организираме летна кампања, преку која делиме флаери на патишта, патарини и на други места со што го предупредуваме возачите и сите учесници за безбедно управување и движење во сообраќајот, го потенцираме и заморот. Статистиката вели дека најголем број на несреќи се поради голема брзина, заморот е присутен поради што се вози подолго. Затоа сите треба да ги почитуваме сообраќајните прописи, бидејќи животот е влог во сообраќајот.Црвениот крст е дел од кампањата, а претсетаделот на ОО на Црвен крст, доктор Лилјана Ристевска, која рече:-Денес сме заедно со останатите кои се вклучени во кампањата како и секогаш кога е потребна нашата помоп, без разлика дали е топлотен или студен бран. Нашата препорака е да се почитуваат препораките на Министевото за здравство, носење на светла облека, не излегува од 11 до 17 часот од дома.Битолските возачи со одобрување ја прифатија акцијата, посебно повозрасните учесници во сообраќајот, и рекоа дека ваквите здружени акции многу ќе помогнат за побезбеден сообраќај, бидејќи, како рече еден наш сограѓанин е страшно да се чита и гледа кога секој ден има жртви во сообраќајот.

С. Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »