Камерниот оркестар на Битола продолжи со одличните настапи пред битолчани кои овој пат можеа да уживаат, како рекоа изведувачите, во неповторлив звук.Овој пат журката, како и изминатото лето, се случи синоќа на Ракометното игралиште, каде околи три илјади битолчани и нивни гости уживаа во “Electro symphony“.
-Ова е најспектакуларниот настан во Битола, ова лето со голем број на учесници и неповторлив звук, а воедно и најголема журка на отворено, рекоа организаторите на концертот на битолскиот камерен оркестар.
Камерниот Оркестар на Битола на “Electro symphony“ ги исполни најпознатите диско, поп, електро хитови на сите времиња.
На концертот настапија над 40 музичари, на комплетно нова сцена, со кои диригираше Владимир Димовски.
Како солисти настапија: Маги Џанаварова (Бугарија), Сара Мејс, Ели Раданова (Бугарија), Агни Авшар, Светлана Јовановска и Огнен Box Beater.
За атмосферата пред и после концертот ќе се погрижат диџеите Ile The Hair, C- pure и Berryquat.
Концертот е во рамките на БитФест 2019, а беше помогнат и од Министерството за култура и Центарот за култура на Битола.
Текст и фото: Сашо Ристевски

Три илјади битолчани уживаа во “Electro symphony“ на Камерниот оркестар, на ракометно (мега фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Фестивалот “Браќа Манаки“ започнува в сабота во Битола со 400 гости од кои 160 се странски и 79 извонредни филмови (фото)
- Прв настан во “Дневната соба“ во библиотеката, работилница за слем поезија
- Концертот на Камерниот оркестар од Битола “MTV 80s & 90s: The Greatest Hits“ времеплов и воодушевување за музичката публика (видео + мега фотогалерија)
- Со концерт на Крсте Роџевски Центарот за култура Битола ја започна новата сезона
- Отворена изложбата “Македонски и канадски графичари 7х7“ во Офицерски – Битола (фотогалерија)