Над илјада фанови на дуото “2БОНА“ заедно во еден глас ги пееше урбаните стихови од хитови кои имаат и над 2 милиони прегледи на “You Tube“.
…Тргнав јас напред и позади оставив,
Сите лоши моменти и празните зборови,
Стојам на своето цврсто ко споменик,
Ветив јас успех и целта ја поставив…
Дуото “2БОНА“ одржаа концерт пред битолските фанови синоќа во “Sun, Love Happiness pool bar“ во Битола, под продикција “Urban Records“. Дуото го сочинуваат Марио Јелиќ-Кун (продуцент, артист и текстописец) и Антонио Стојановски-Бонтони (продуцент, артист и текстописец). На концертот пред битолските тинејџери тие направија мал спектакл.Тинејџерите од Битола се забавуваа и играа на музиката од овие двајца млади талентирани музичари. Тие веке неколку години творат музика која е поразлична и препознатлива за ова дуо. Таа музика е спој на рап, хип хоп, аренби и регетон.
Битолската млада публика заедно со своите идоли “Кун“ и “Бонтони“како еден глас ги пееше урбаните стихови на нивните хитови. Во текот на вечерта се редаеа хитови кои имаат и над 2 милиони прегледи на “You Tube“ – “Балкан“, “Моет“, “Милиони“, “All eyes on us“, “Не ми дава мир“. Хитот „ Colombiana“ кој го изведуваат со Елена Китиќ од Р. Србија (ќерка на фолк пејачот Миле Китиќ) има над седум милијони прегледи на You Tube.
На тинејџерите им се потребни идоли и изгледа ги пронајдоја.
Дамијана Ристевска