Press "Enter" to skip to content

Мото-клубот “Конзули“ ја организира 9. мото-тура, стартот на “Магнолија“ (фотогалерија)

На плоштадот Магнолија во Битола попладнево собир на моторџиите, за годинашната мото тура, 9. по ред, во организација на мото-клубот “Конзули“ од Битола.Близу 400 моторџии се собраа попладнево на “Магнолија“ каде започна 9. по ред мото-тура, а организаторите мото-клубот “Конзули“ за оваа, веќе традиционална мото-тура рекоа:-Оваа мото-тура е деветта по ред, која ние како клуб ја организираме и веќе е во календарите на сите мото-клубови од Македонија и на нашите пријатели од поранешните ЈУ републики и пошироко. Сега на плоштадот “Магнолија“ има пристигнато околи 300-400 моторции, но на местото каде ќе преноќиме, ќе ги има сигурно повеќе.За тоа како е планирана мото-турата додаваат:-По собирањето на “Магнолија“, кое започна во 17 часот, традиционално има возење низ Битола се до зборното место, ноќниот клуб “Парадисо“ кај село Дихово. Таму ќе имаме забава со битолки групи и ди-џеи. Утре наутро имаме доручек со традиционалната битолска чорба.На “Магнолија“ покрај членовите на мото-клубот “Конзули“, ветераните на мото-турите, забележавме и нови битолски дечки со силни мотори кои учествуваат не само на оваа мото-тура во Битола, туку со своите “колеги“ се дружат и во собирите во други градови, а според атмосфетата сите добро се познаваат меѓу себе.-Ова, да нагласам, не е спорт, ова е еден начин на дружење на пријатели кои имаат иста страст, мотори и адреналин. Се надевам дека најголем број од овие нови дечки ќе се приклучат кон клубовите, ќе ги почитуваат непишаните правила, ќе се грижат за безбедноста и ќе уживаат возејќи ги своите миленици на две тркала, упати порака еден ветеран, кој им даваше напатствија на младите, ни рече моторџија од Скопје, кој рече дека името не е битно денес, бидејќи сите со еден кои се тука ќе го кажат истото.Оваа мото-тура привлече големо внимание кај битолчани, а како самите рекоа ова е единствен саем од ваков вид кој се одржува кај нас.А, на саемот имаше разни модели на моторцикли на две, три или четири тркала, крос-мотори, мали скутери, силни мотори од светските брендови…

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »