Пред десет години бев поканет од еден пријател од Нижеполе да присуствувам на еден необичен настан, каде се сретнаа македонските-битолските и грчките Власи. Настанот се случи во тамошното училиште и црквта “Св. Петка“ и беше многи позитивен, започна да раскажува Димче Миновски за неговите сеќавања за Битола пред 10 години.
-Таму, во Нижеполе беше и грчкиот амбасадор, потоа некој од битолскиот конзулат, претседатели на влашките организации, а сите заедно претходно го реконструираа училиштето и околината. Целиот настан тогаш го нарекоа како и неформално збратимување на македонските и грчките власи од Нижеполе и грчкото село Голема Ливада, вели Димче Миновски, доајен на битолското новинарство.
Свеченоста во Нижеполе беше проследена со изворен фолклор и национални јадења во дворот на училиште “Трифун Пановски“ и на црквата “Света Петка“ каде се дружеа македонските и грчките Власи, задоволни од иницијативата за ваква средба, кои напоменаа дека Власите од двете страни на границата сакаат да соработуваат.