Press "Enter" to skip to content

Најсовремено ехо на уринарен тракт во ПЗУ “Д-р Чипуровски“

Специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“,  започна со работа пред неколку  месеци и  поседува најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи. Меѓу нив е  најсовремено ЕХО на уринарен тракт со кое се дијагностицира нефротијазата. Таа е една од водечките причини за хидронефроза или  трајно оштетување на бубрезите.

Д-р Васил Чипуровски  ни ја објасни  функцијата на ЕХО на уринарен тракт  и даде струча анализа на оваа проблематика.

-Нашата ординација располага со најсовремено ехо на уринарен тракт при што конкрементите – камењата најчесто се со калциумски состав и се прикажуваат како хетерогени структури со “акустични сенки“ кои се подвижни при промена на положбата на пациентот. Нефролитијазата е една од водечките причини за настанување на хидронефроза или застој на уродинамиката и трајно оштетување на бубрезита при што има дилатација на пиелонот на уретерот, чашките  и кај најтежок облик на хидронефроза и целосно оштетување на паренхимот на бубрег и атрофија на кортек, вели д-р Чипуровски и додава:-Тоа доведува и до  развој на ХБИ – хронична бубрежна слабост. Камењата во бубрегот можат да бидат и причина за настанување на инфекции на мочните патишта. Пациенти кои имаат вакви проблеми можат да дојдат во нашата ординација и да направат целосни испитувања.

Врз основа на резултатите кои ни ги дава ЕХО на уринаен тракт се откриваат конкрементите камењата, се прати состојбата со што и следува медикаментозна терапија и третман со различни лекови, а по потреба и  Литотрипсија на конкрементите“ .

ПЗУ “Д-р Чипуровски“се наоѓа на улица “Игњат Атанасовски“ б.б. во комплексот “Веро“.

Mission News Theme by Compete Themes.