Press "Enter" to skip to content

Стартуваат кошаркарите на Пелистер, Тодоровиќ ќе прозива утре

Утре стартуваат подготовките на кошаркарите на Пелистер, а првата прозивка е закажана за утре попладне, каде староновиот тренер Зоран Тодоровиќ кој има нов договор за една година,  и Управата, ќе го кажат списокот на кошаркари кои ќе играат во новата сезона.

Кошаркарите на Пелистер први ги започнуваат подготовките за оваа сезона, а утре ќе го дознаат и планот за подготовки.

Како нови кошаркари кои ќе бидат во тимот на Пелистер оваа сезона ќе бидат Зеќири, Цветковски и Казарновски, а предвидени се и уште две засилувања кои веројатно ќе дојдат од странство, а се однесуваат на позициите плејмејкер и крило.

Од ланската екипа договорите до сега ги продолжија Мико Голубовиќ, Борјан Обедниковски, Михајло Арсовски и Гоце Атанасовски, како и младинецот Ангел Лазаревски, а дали ќе има некој друг ќе видиме утре.

 “Пелистерци“ оваа сезона, како беше најавено ги зголемија амбициите и цел ќе им биде место во Суперлигата меѓу шесте најдобри екипи. 

More from СпортMore posts in Спорт »