Press "Enter" to skip to content

ВМРО-ДПМНЕ за паркинзите: поголем хаос со собраќајот и повисоки цени

Стефан Димовски, подпретседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ-Битола, денес одржа прес-конференција на која зборуваше за состојбата во Битола, со паркинзите, цените и вработените кои беа во претходното претријатие за паркинзи. Димовски на пресот рече:

-Ветувањата со кои се расфрлаше сегашната локална власт пред две години, сега преминаа во буквален хаос во поглед на паркирањето во градот. Иако ветуваа со полна уста, а досегашниот концепт на јавно приватно партнерство страшно го критикува, сега се виде дека се било само голема манипулација, а со она што се случува во моментов, само потврдија дека ниту кога ветуваа, ниту сега по две години немаат концепт и решение за проблемот на јавното паркирање.

Само голи пароли се тврдењата дека паркинг услугите поевтинуваат, ако се земе статистиката дека најмногу битолчани во просек ги користат за два часа, со сегашните цени дури и ќе плаќаат поскап паркинг. Ова со паркингот, почитувани, со јавниот градски превоз создава вистински метеж и хаос во градот, кој што се прекршува на вашиот грб заради неспособноста на СДСМ, нивните коалициони партнери – ЛДП, а најмногу заради неработењето на градоначанлникот Наташа Петровска. Никој веќе не ги зема во предвид нивните ветувања, ова што сега се случува со хаосот во однос на јавните паркинзи, сигурно не е во насока на решавање на сообраќајниот хаос и заштитата на животната средина – односно чистиот воздух.

ВМРО ДПМНЕ, уште еднаш јавно укажува дека со ваквиот концепт тешко ќе функционира градот и паркирањето, а богами и судбината на новото јавно претпријатие е неизвесна. За сега, извесна е само судбината на досегашните вработени, а од неодамна оставени на улица, кон кои Вие од СДСМ, ЛДП или од каде и да сте, должни сте на елементарно човечко ниво да покажете минимум социјална емпатија. Ама судејќи по тоа што досега две години оваа власт комплетно се занимава исклучиво со рекет, и во овој дел не останува надеж за реално решавање на проблемите.

Mission News Theme by Compete Themes.