Пелистер – Тиквеш 1:4
Двете екипи Пелистер и Тиквеш, кои важат за најсериозни кандидари за влегување во Првата фудбалска лига, од Вторали лига исток и запад, одиграа пријателски натпревар под Тумбекафе.
Екипата од “исток“ Тиквеш, го победи домаќинот Пелистер од “запад“ убедливо со 4:1.
Под Тумбе Кафе се играше по многу топло време, а стрелци на головите на кавадарчани, на овој пријателски меч беа Мојсов два, Ристевски и Митев по еден, додека за Пелистер почесниот гол го даде Борче Маневски.