Press "Enter" to skip to content

Ангела Трајчевска е нова македонска кошаркарска репрезентативка

Доброто работење на кошаркаркарската школа “Младост“ битолчани и пошироко го истакнуваат на повеќе начини, но кога некој од учениците на Горјан Стојановски ќе го облече репрезентативниот македонски дрес е најголема потврда дека тој успешно работи.

Деновиве уште една таква потврда, Ангела Трајчебска е член на македонската кошаркарска репрезентација за кошаркарки родени 2005 година и помлади.

Трајчевска ќе ги брани црвено-жолтите бои на неофицијалното европско првенство “Slovenija ball“ кое ќе се одржи во Постојна јама.

Покрај нашата репрезентација ќе учествуваат и Хрватска, Полска, Словенија, Израел, БиХ, Унгарија, Латвија и Украина, а Трајчевска ќе дебитира против Хрбатска на 15 август.

Mission News Theme by Compete Themes.