Press "Enter" to skip to content

Голем интерес за концертот на групата “Нокаут“ со гостите Игор Џамбазов и “Фолтин“

Музичкиот спектакл,  концертот на групата “Нокаут“ и настапот  на Игор Џамбазов и групата “Фолтин“ од Битола ќе се одржи во “СН Сообраќајниот центар“, недела, 17 август, со почеток во 20 часот.

-Останаа уште неколку дена до големиот концерт на популарната македонска група “Нокаут“ и голема заинтересираност за истиот, најавија организаторите од “ЈК Травел“.

Од “ЈК Травел“ за љубителите на добра забава велат:-Картите се пуштени во претпродажба по цена од 250 денари и уште првиот ден се продадени повеќе од 1.000 влезници. За оние кои се заинтерсирани да дојдат можат да набават карти во “Купи карти за се“ по таа цена. Влезниците пред концертот ќе се продаваат по  цена 400 денари.

 

Исто така во тек е и резервацијата на масите за вечерта, каде битолчани ќе можат да уживаат во добро друштво, убава музика и добра забава. “Нокаут“ е група која на македонската музичка сцена постои повеќе  од 20 години, а  афирмирањето на македонската музика е нивен приоритет. Покрај големите хитови на  групата „Нокаут“, публиката исто така  ќе има можност да ужива  и во музиката на единствениот Игор  Џамбазов, а  дел од  овој концерт ќе биде  и битолската група „Фолтин

Организатор на овој музички спектакл e туристичката агенција “ЈК Травел“ заедно со голем број на поддржувачи кои го помогнаа одржувањето на овој концерт.

Mission News Theme by Compete Themes.