Press "Enter" to skip to content

Дарко Крстески, задоволен сум од подготовките, фудбалерите се подготвени за патот до Првата лига

Екипата на фудбалскиот клуб Пелистер се наоѓа во завршна фаза на подготовките пред стартот на сезоната, каде важат за најсериозни кандидати за прво место и враќање во Првата лига. За тоа како поминуваат подготовките, тренерот Дарко Крстески вели:

-Влегуваме во завршна фаза, имаме сработено доста и што е најважно задоволен сум од досегашната работа. Се работеше на општа издржливост и брзинска издржливост и има добри показатели дека ќе бидеме фит на стартот на сезоната за десетина дена. При крај сме и со техничкиот дел, натпреварите ги одигравме. Од нив се виде дека ни недостигаат некои работи и последните 20-тина минути. Сега сме подготвени до 70 минута, но никој па и ние, не влегува со 100 проценти на стартот на сезоната. Се чувствува малку замор, може да е од горештините, но ќе дојдеме до посакуваната форма. Од друга страна пак ова ми покажа и како се однесуваме при замор и како се поднесува нервозата која тогаш се јавува, па затоа велам дека сум комплетно задоволен од подготовките.Иако се тренираше по многу жешко време нема повреди, освен кај Дарко Ангелевски, кој веќе е во тимот и ќе се вклопи во тимот. За последната седмица од подготовките, односно до Куп натпреварот на 21 август, Крстески вели:

-Имаме уште седум дека до гостувањето кај Кит гол, а во сабота на 24 август првенството, старт против Вардар од Форино. Овие дена ќе се освежиме, малку ќе работиме на експлозивност и сакако да го комплетираме тактичкиот дел, а најавува и новитет за оваа сезона:

-Сакам да воведам новитет со кој екипите нема да можат да “не провалат“ противниците и нема да можат да ни одговорат. Ќе има промена на системот на играта, кој се сметам дека е поофанзивен, но нема со тоа да го оптоварувам фудбалерите. Ќе играме поофанзивно од минатата сезона. Пелистер во оваа лига не може да биде во подредена улога и да се брани, без разлика каде ќе игра во Битола, Дебар, Форино… Пелистер е респектиран во Прва лига, а камоли во Втора лига, па затоа сакам тоа да го почувствуваат и фудбалерите, на кои ќе им биде потешко, бидејќи сите противници ќе влегуваат со дополнителен мотив, името Пелистер, а нас контра, ќе бидеме минус на стартот. Па затоа ќе одиме поофанзивно, но треба да го доусовршиме тој систем на игра.

Според Крстески на фудбалерите им недостига последниот момент, мотивацискиот, пред натпревар од што ќе зависи како ќе одиграат и како ќе се однесуваа на терен.

-Рековме дека сме кон Прва лига, не сакам да имаме дополнителна нервоза со тоа, сакам да одиме чекор по чекор, но сите некаде во нас веќе го имаме тоа дека сме главни конкуренти за Прва лига, вели Крстески, кој додава: имаме сила и време е тоа да го направиме, и се осврна за фудбалерите.-Имаме искусни фудбалери кои имаат освојувано титули со Пелистер, но нашиот концепт е младите да ги подготвиме низ втората лига, низ притисоци, со посилни натпревари, да ги имаме в година за прва лига. Од нив да има 3-4 кои ќе бидат готови фудбалери до година, а тука се Игор Момировски, Филип Бошковски, а зошто да не и од помалите кои се во тимот, вели Крстески.

За последната контролна средна во Битола и резултатот 1:4, Крстески вели:

-Ако некој не беше на стадион ќе реагира вау, Пелистер од Тиквеш изгубил 1:4, но со респекс кон Тиквеш, противникот имаше само два пати прекини на 30-40 метри, а ниту се приближија кон голот. Примивме гол во 45 минута, по кој требаше да се вратиме, но во 46 минута нова грешка и имаше пад, бидејќи бркавме -2. Дадовме прв гол, “висеше“ вториот гол за нерешено, меѓутоа не дадовме гол. Повторно недисциплина поради заморот, како реков ни фалат последните минути, но ни беше потребно вакво нешто. Видов нервоза кај некои фудбалери и тоа ќе треда да го анулираме.  

Пелистер, вели за крај Крстески, ќе биде главен фаворит, но има екипи кои ќе чекаат киксови како лани. Да не биди како лани, некој кој не планира, да се смеша во математиките.

-Мора да имаме фуриозен старт, да ги тргнеме од грб сите кои помислиле дека можат да ни ги замрсат плановите, а за тоа треба на стартот не 100%, туку 150% учинок, вели Дарко Крстески, тренер на ФК Пелистер.

С.Р.