Press "Enter" to skip to content

Одбојкарките на Пелистер Волеј ги започнаа подготовките (фотогалерија)

Тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски и неговите соработници, со првата прозивка ги започнаа и официјално подготовките за новата одбојкарска сезона, а вели дека сите се јавиле на првата прозивка, со исклучок на неколку кои се сеуште на годишен одмор. Поради жештините и зафатеноста на салата со репрезентацијата, подготовките започнаа во градскиот парк.-На првата прозивка се јави и најискусната, Теодора Андоновска, која и оваа сезона ќе ги брани боите на Пелистер Волеј. Заедно со неа беа и првотимките Изабела Димовска, Софија Петличковска, Матеја Марковска и Симона Стојановска. Чекаме да се приклучат Јована Глумац, Сара Димовска, Тамара Жабјановска како и Ана Марија Шехи. Сите тие и понатаму ќе бидат дел од поширокиот список на клубот, вели Митковски.Сепак екипата генерално ќе ја сочинуваат играчи од генерацијата 2002 и 2003. Тука беа Димитра Ангелин, Ивона Димитриевска, Ангела Стојановска, Андреа Стојановска, Стефани Најдановска, Наталија Чона, Ангела Лавровска, Емилија Бицевска, Ива Манојловска, Ања Ристевска. За брзо чекаме да се приклучат и Ивана Белокозовска, сестрите Ивана и Јана Василевски, Михаела Цветановска, Михаела Ристевска, Теодора Стојковска, Јана Цветковска, Стефанија Кенковска, како и Георгина Стојановска, Ева Пајаковска и Делфина Поповска.-Дел од нашите првотимки околу кои ќе се гради костурот на екипата, на кој оние најискусните ќе бидат одлична поддршка, се наоѓаат на припреми со кадетската репрезентација токму овде во Битола, а тоа се Пејовска, Богдановска и Марковска како и најмладата Трпеновска. По завршувањето на Балканскиот шампионат за кадетки на 24 август очекуваме целата екипа да се комплетира, вели Митковски, кој планира екипата да го организира и традиционалниот турнир.-За крајот на септември планиран е и седмиот по ред турнир “Пелистер Волеј 2019” на кој е предвидено учество на домашни и странски екипи. Овај турнир ќе биди одлична можност и прва проверка за да видиме до каде стасал новиот состав на нашиот клуб.Не чека долг пат и многу работа. Предизвикот не е нималку лесен и уште повеќе возбудлив. И оваа година ќе се натпреварувааме на секое можно поле во сите можни категории. Амбициите и апетитите се секогаш високи, но сепак, ова е една нова ера и нова етапа за Пелистер Волеј која е само почеток на она што треба да биди во блиска иднина, ни рече Митковски за амбициите.

С.Р.