Press "Enter" to skip to content

Новинар од белградска “Политика“ во посета кај Митко Стојковски (фото)

Белградските новинари и по повеќе од 20 години откако Митко Стојковски ја напушти Црвена Звезда се интересираат за него, бидејќи трагата која таму ја остави тешко се брише.

Слододниот новинар и фото-репортер, која работи за белградска “Политика“, нашиот сограѓанин, Јован Мирчевски, денес имаше интервју со Митко Стојковски, поранешниот капитен на Црвена Звезда.Во неколку часовното интервку со Стојковски, Мирчевски го прашуваше за неговата кариера во Црвена Звезда, капитенската лента, за спомените од таму, за највпечатлиците спортски сеќавања, за 100. дерби Црвена Звезда – Партизан кога Митко беше најдобар играч и за постигнатиот гол со кој “црвено-белите“ станаа прваци, за сегашниот ангажман, дали му недостига фудбалот…Инаку, Јован Мирчевски е наш сограѓанин, кој е прогласен и за најдобра новинар и спортски новинар на Србија, а ја издаде и фото-монографијата на Новаќ Ѓоковиќ. Мирчевски во Битола е приватно, но престојот како вели, еден новинар не може да го оганичи на приватен или службен, а новинарот е секогаш новинар. 

С.Р.

Mission News Theme by Compete Themes.