Press "Enter" to skip to content

Одржана жребката за Супер ракометната лига, Пелистер го пречекува Бутел во првото коло

За првиот дел од сезоната во која ги нема европскиот првак Вардар и макеоднскиот вицепрвак Еурофарм Работник, кои ќе играат во Лига Шампиони и СЕХА лигата.

Денеска во просториите на Ракометната федерација беше одржана жребката за претстојната Супер лига која треба да започне на 7-8 сепрември.

Екипата на Еурофарм Работник нема да учествува во првиот дел од Супер лигата, ќе се приклучи во завршницата во плеј-офот, заедно со екипата на Вардар.

Според денешната жребка во 1.  коло од Супер машката лига Пелистер ќе ја пречека екипата  на Бутел од Скопје.

Еве ги двојките за првото коло:

Пелистер – Бутел Скопје

Металург 2 – Металург

Пролет – Охрид 2013

Работнички – Струга

Радовиш – Вардар јуниор.

 
Mission News Theme by Compete Themes.