Press "Enter" to skip to content

Секој читател си има своја книга, ние во бибиотеката ќе Ви ја одбереме “Вашата“

Немате време за читање? Вие сте тоа што го читате.

Информациите што ги внесувате во Вашиот ум го обликуваат Вашето размислување и влијаат на начинот на животни одлуки кои ги донесувате, работата што ја креирате и интеракциите што ги имате со околината. Намалете го бесцелното пребарување, бесмислените вести и објавите на социјалните мрежи.

Додадете неколку класици, прочитајте добра книга и научете од луѓе што размислуваат длабоко. (“Кажи ми што читаш и ќе ти кажам кој си„- Зат Рана) Колку пати сме ја изговориле оваа реченица. И на крајот сме си поверувале дека во денот што е пред нас нема место за книга.

Средствата за масовна комуникација го направија своето, се повеќе бесцелно ги пребаруваме само насловите на текстовите со бескрајно прегледување на слики од некои други луѓе. Иако “една слика чини илјада зборови“ дали тоа во буквална смисла ќе значи дека во иднина нашиот мозок ќе го трансформираме во пасивен прегледувач на содржини со голема веројатност дека ќе заборавиме концентрирано да читаме.

Затоа, независно дали имате голем или мал бизнис, дали Вашите секојдневни обврски кон семејството, пријателите и на работа се во постојан подем, Ви препорачуваме да одвоите квалитетно време само за Вас, па макар да е тоа и 30-тина минути во денот.

Книгата ќе Ви ја врати насмевката на лицето, ќе Ве релаксира и забавува, со неа понекогаш ќе тагувате и доживеете интензивни чувства, но никогаш нема да Ве изневери. Затоа влезете во еден друг свет и создадете навика постојано да се надградувате и растете во духовна и пред се човечка смисла.

Секој читател си има своја книга. Затоа ве охрабруваме и Ви предлагаме да не посетите за да Ви ја одбереме токму „Вашата“ книга.

Подготвила м-р Јелена Петровска, библиотекар советник