Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник во финалето на струшкиот турнир против грчки АЕК

Струга – Еурофарм Работник 20:30 (10:16)

Еурофарм Работник синоча на струшкиот тирнир го победи домаќинот Струга со 30:20 и си обезбеди финале против грчки АЕК на 47-то издание на Струшкиот турнир.

Ракометарите во двете кола прво ја победија екипата на Пролетер Зрењанин,а потоа и  домаќинот Струга, и тоа во двата натпревари убедливо.

“Фармацевтите” против Струга отворија со 4:0, а некаде со таква разлика се движеше и резултатот во првото полувреме за на крај да биде 16:10. Во вториот дел, продолжи доминацијата на Еурофарм Работник иако тренерот Стевче Алушовски во игра ги стави сите раконетари. На крај победа за финале на Еурофарм Работник со 30:20.

Најдобри стрелци во Еурофарм Работник, Граџан со седум, Јотиќ со шести и Ојлески со пет гола. 

Еурофарм Работник во денешното финале ќе игра против АЕК во 21,30 часот.

Mission News Theme by Compete Themes.