Press "Enter" to skip to content

“Нокаут“, Игор Џамбазов, Фолтин… на концертот кој го организира “ЈК Травел“ (фотогалерија)

Фантастичната атмосфера во “СН Сообраќаен центар“, повеќе часа музика од различни жанрови за сите вкусови на повеќе илјади љубители на музиката.На синоќешниот концерт на групата „Нокаут“, Игор Џамбазов во свој стил кажа: “прв пат настапувам пред Сообраќаен центар, но предвидувам и се надевам дека ова ќе биде новата идна музичка и концертна сцена на битилчани за добра музика, забава и позитивна енергија… Надвор од градот, заради бучава, но доволно близу за сите кои сакаат да се забавуваат на концерти. Ви поскувам уште многу вакви, добри концерти… Тоа го посакуваат и битолчани, а тоа се докажа и по големиот број повеќе илјадна публика  за кои “СН Сообраќаен центар“ беше претесен.Музичкиот спектакл кој се најавуваше за битолчани траеше повеќе од неколку часа и добра музика од различни жанрови за сите вкусови на публиката. Многу хитови меѓу кои и евергрини, но цела вечер исполнета со добра музика и добра енергија.    На почетокот на концертот „Марвел“ како предгрупа со рок хитови, но и стари евергрини „I’m so exited“ -The pointer sisters, „Rolling on the river“-  Тина Тарнер, „Valery“ Ејми Вајнхаус… ја загреа атмосферата. Милениците на битолската публика групата „Фолтин“ со своите хитови „Милице“, „Месечина“, „Ти верувам“…придонесоа за нова енергија.  “Нокаут“ докажа дека е број еден група  на македонската музичка сцена.  Покрај големите хитови на  групата „Нокаут“ која публиката ги пееше заедно со нив “Временска машина“, „ABC“,„Фатална опсесија“,„Телефонскиот број не постои“….Харизматичниот Никола  Перевски – Пере на сцената го покани и најави како единствениот Игор  Џамбазов, кој во свој стил на врвен шоумен направи атмосфера исполнета со добра музика, изреки, мисли и хумор кој само Игор знае на негов начин да ги каже, и уште еднаш  докажа дека во  свој стил е ненадминлив.Концерт со добра  енергија и музика со жанрови за сите вкусови. Со тоа се докажа дека вакви концерти и забава,  недостастасуваат, а од “ЈК Травел“  еден од организаторите на овој спектакл најавуваат  уште концерти на оваа нова музичка сцена која ги има сите предизпозиции за тоа.Надвор од Битола, но близу за доаѓање,  добро организираниот паркинг за возилата. Во “СН Сообраќаен центар“ дел за оние кои сакаат да уживаат во музиката од ресторанот и кафе барот.Добар простор за бина и  публика. Со тоа и зборовите на Игор дека тоа ќе биде  новата музичка и концертна сцена на битолчани.  Битолчани сакаат добри концерти и имаат “сенс“ за тоа што е добро и квалитетно.Покрај “ЈК Травел,  тоа го потврдија и другите организатори: СН Сообраќаен Центар, СН Ресторан, СН Финансии, СН Брокер и останатите поддржувачи.

Жанета Ристевска

Mission News Theme by Compete Themes.