Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: последната реконструкција на градскиот часовник (фото)

Пред 10 години, некаде во овој период се случи последната поголема поправка и репарација на градскиот часовник на дел од саат кулата, започна со сеќавањата Димче Миновски.

-Градскиот часовник, како и секој механизам кој се движи и работи 24 часа на ден, 365 дена во годината мора да се поправа, за попрецизно да работи и да го мери времето, без отстапувања. Градскио часовник бил повеќе пати поправан и саат кулата поправана од штетата која ја носи староста, забот на времето, раскажува Димче Миновски.-Последната поголема поправка на часовникот и саат кулата се случи пред точно десет години, а мислам дека од тогаш мерењето на времето и покажувањето на точното време се врши, не како порано механички, туку електронски. Сега градскиот часовник, колку што сум запознат времето го покажува, точно според светското мерење на времето, што би рекле, сателитски, исто како и сите големи саат кули низ светот.Миновски додава дека поправка имало и на терасите на саат кулата, кои добиле нова подлога, бидејќи поради времето имало и прокиснување во делот каде се сместени камбаните кои ја “пеат“ песната за точно време.Комплетните трошоци биле покриени, се сеќава Миновски, од страна на “Прокредит“ банката, Германската амбасада во Скопје и Општина Битола, а имало и други донатори.

Mission News Theme by Compete Themes.