Деновиве голем број битолчани барајќи ладовина од жешките денови уживаат во Градскиот парк. Секој на свој начин ги исполнува попладневните часови кога е и најтопло или најспарно.
Најголем дел се оние кои се шетаат и тоа родители со мали деца кои можат да си играат во детскиот парк.
Повозрасните исто така уживаат во ладовина на клупите со муабет или играјќи шах, карти… а некои едноставно си “кулираат“.
Голем е бројот на рекреативци кои трчаат или возат велосипеди, а паркот кој има можеби десетина степени помалку од асфалтните улици, како да е предодреден за вакви рекреатвци, кои ги има од 7 до 77, жени и мажи, деца со родители.
Спортските клубови започнаа со подготовки за сезоната што доаѓа после летните одмори. Така младите одбојкарки започнаа со редовни тренинзи и околу 60 одбојкарки од Пелистер Волеј напорно тренираа.
Додека децата, млади спортисти, ги броеја круговите кои ги трчаа нивните родители кои го донесоа на трениг се групираа и заминаа “на бутки“ на “по едно“, а таму немаше ни едно слободно столче.
На фудбалскиот терен на “Ќумурно“ пак тренираа фудбалерите од фудбалските клубови Топ гол, Пелистер, Талент…
Двете “фан-зони“ беа посетени, а рекреативците ги изведуваа вежбите, а се чекаше на ред на дел од справите, а до нив детското катче, ги прими редовните посетители, децата.
Со неколку зборови каќано, попладнево градкиот парк беше онака како би го посакале да биде секој ден, полн во битолчани, каде секој си го нашол своето место.
Нашиот фото-објектив забележа интересни моменти од Градскиот парк кој беше невообичаено посетен попладнево.

Попладнево во градскиот парк спортисти, рекреативци, велосипедисти, пензионери, деца, родители, бадијалџии… (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: “југо“ во Драгор
- Деновиве пред 10 години: основано здружение за одржлив развој на Мариово, досега изработени 400 проекти (фото)
- Деновиве пред 10 години: по неуспешната 4. продажба започна пропастот на Детското на Пелистер (фото)Деновиве пред 10 години: по неуспешната 4. продажба започна пропастот на Детското на Пелистер (фото)

- Четврта детска трка “Trailko“ за крај на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ Битола, победници сите дечиња (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: одбележан денот на битолската и македонската адвокатура (фото)




