Press "Enter" to skip to content

Пелистер на пенали го помина 1/16 финалето од Купот во Пехчево

Кит Го – Пелистер 5:6 (1:1, 0:0)

Фубалерите на Пелистер дури по изведувањето на пеналите ја поминаа екипата на Кит Го, во 1/16 финалето од фудбалскит куп, во натпревар кој се играше на градскиот стадион во Пехчево.

Првото полувреме помина без голови со по една убава шанда кај двете екипи, а второто започна со шанса за гол на Главевски кој не погоди од само пет метри.

Домашната екипа дојде во водство од 1:0 во 81. минута со голот на Симевски, а изедначи во судиското продолжување во 92. минута, Игор Момировски.

На крајот со 4:5 во серијата славеа „пелистерци“, погодија Бошковски во последниот пенал, а претходно и Љамчевски, Трифуновски, Ангелески и Шопоски.

Фото: ФК Кит Го

Mission News Theme by Compete Themes.