Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: “мрачниот интернет“ или темната страна на интернетот

Што е “мрачен интернет“ – darknet или темната страна на интернетот. На интернет постои дел до кој многу тешко се доаѓа со големи пребарувања и истражувања понекогаш и со посебна дозвола наречен е “мрачен интернет“ бидејќи во себе ги крие најстрашниге и најсурови страници (сајтови) на продавање на дрога, отрови, оружја и измачување и малтретирање луѓе, деца,  животни…Истражувајќи ја интернет зависноста наидов на  повеќе текстови за т.н  “мрачен интернет“  или свет каде се огледува мрачната страна на човечкиот ум и однесување. Заради тоа сакaв да го напишам  овој текст кој и би требало да претставува еден вид предупредување за сите.  Потребни ни се што повеќе информации за светот на технологиите кои станаа дел од нашиот живот. Би сакала да не поттикне на размислување и  секој да извлече некој совет и поука. Што повеќе информации секогаш се добродојдени особено за оваа тема на новата технологија и негатините ефексти од неа. Игор Јуриќ претседател на фодацијата “Тијана Јуриќ“ која  истражувал педофилски сајтови на т.н “мрачен интернет“ неодамна за “Vesti online“  напиша и предупреди.

Болни умови ги демнат вашите деца.

-Изопачени умови демнат фотографии на “малишани“ кои родителите ги поставуваат на социјалните мрежи. Родителите  прават голема грешка бидејќи на некој начин директно ги загрозуваат своите деца. Тие фотографии  стигнуваат на педофилските сајтови на т.н. “мрачен интернет“, за во најлош случај се и во опасност да завршат во рацете на некој болен човек, Игор Јуриќ за “Vesti online“.  Луѓето често подтавуваат слики од своите деца не размислувајќи дали на социјалните “закачиле“ слика и податоци на пример адреса на живеење, место на престој па може да се случи ако на  некој предатор на интернет детето му се допадне, тој може лесно да собере информации пишува Јуриќ.

Тој додава дека има случаеви да педофил и без податоци врз основа на фотографијата го лоцира градот. Тоа што се случува со фотографиите е страшно. Тој укажува дека и најобични фотографии на “малишани“ додека се играат во песок на плажа стигаат на “мрачниот интернет“. Од како влеговме во целата приказна работимае на тоа да  се види како ние како возрасни правиме грешка и директно ги загрозуваме нашите деца.

-Влегувајќи во мрачниот свет на интернетот дојдовме до сознанија дека има многу фотографии на деца од Србија на педофилските сајтови. И додава дека на тие “темни нет“ страни сликите можат и да се купуваат, најобични слики на игра на песок кои за нормален човек не се ништо посебно страшно. Меѓутоа тие се продаваат по 10, 20, 40 центи. Со тоа кога ставате слика на своето дете на социјаните мрежи, освен што му давате пари в раце да тргува со сликите на вашетио дете со тоа Јуриќ предупредува: сите ние како родители ги доведуваме во опасност нашите деца.Фондацијата која ја води прегледала некои педофилски сајтови на мрачниот интернет и на нив има многу материјали. Толку многу да ни големите меѓународни полициски организации можат да гипрегледаат. Со логирање на три сајта пронајдовме слики и податоци за нивните родители, па ги исконтактиравме и предупредивме тие луѓе. Игор Јуриќ изнесува и уште една појава, а тоа е да деца со многу следачи  на интернет заради своите активности на  “јутјуб“ и  својата популарност се во поголема опасност од преостанатите свои врсници. Имало случаеви да на тие деца им ги отстрануваат главите од фотографиите и ги  ставале на други голи тела. Јуриќ предупредува да родителите пазат штом прават, а тоа важи и за сите во регионот и  дијаспората.

 “Мрачниот свет на  интернет“ или  Darknet и што крие  

Станува збор за место на кое се состанува чистото зло на човековата природа. Детска порнографија, мачење животни, експерименти врз луѓе, дрога, продажба на органи, нарачување убиства, snuff филмови (во кои актерот навистина е убиен), слики од тероризам, забранети стории од истражувачко новинарство, активност на политички дисиденти, нецензурирани информации и слично. Сето тоа е дел од темите и содржините кои се наоѓаат длабоко во скриените длабочини на интернетот.

Тоа е дел до кој многу тешко се доаѓа со големи пребарувања, истражувања и со дозвола. Невозможно е да се посети преку Google, но оние кои еднаш биле таму се вратиле променети. Покрај психолошките последици заради содржините на кои наишле, дел од посетителите завршиле на радарот на полицијата. Најпопуларни се оние со измачување и злоставување на деца и покриваат дури 80 проценти од вкупниот материјал.

Администратор на некои од тие страници најден е и осуден на 35 години за детска порнографија и заради сексуално злоставување на 7 деца од кое и најмалото од 18 месеци. Неговата веб-страна ја користела многу педофили и тој ги подучувал на разни злоставувања. Корисниците морале да објават снимки на детска порнографија  еднаш месечно да ги стават за да не бидат отфрлени од страната (сајтот). Полицијата при  претресот на неговиот дом пронашла над 50.000 снимки од малтретирање на деца.Зомби ножеви и оружје, дрога, форуми…

На овие страни на “мрачен интернет“ се рекламира различно оружје од постапокалиптичен отстранувач на  главата, мачеви убијци  до  најаразновидни оружја и  зомби ножави. На темниот интернет можно е да се набави цел арсенал оружје, 

Пазар на дрога меѓу најпознатите нелегални страници на даркнет беше таканаречената Silk Road, “Патот на свилата“. 

Пеколен форум, останатата понуда, што за одредена сума може да се добие во длабочините на мрачниот веб се и нарачување убиства, трговија со луѓе, измачување животни, трговија со органи, етска порнографија, директно емитување на силувања и сексуални насилства, експерименти врз луѓе и др.

Против спречувањето на злосторствата на даркнет покрај полициските сектори учествуваат и многу хакерски групи, меѓу кои и добро познатите “Анонимуси“. Во 2011 година групата елиминираше повеќе од 40 страници со педофилска содржина и објави идентитет на преку 1.000 корисници на таа содржина. 

Игор Јуриќ ги предупредува родителите за  поголема информираност и свесност за интернетот.

Mission News Theme by Compete Themes.