Press "Enter" to skip to content

Фото вест: “кочани“ здрав оброк при летна вечерна прошетка на Шеталиште

Потсетуваат на летни вечери, прошетки низ паркот. Секое лето продавачите на “кочани“ се неизбежна летна шема на Шеталиште.

Се брзо се менува, но местото на оние кои продаваат “кочани“ останува непроменето, начинот на подготовка-варени или печени и квалитетот не се менува.

Не се бучни, не ве убедуваат или навалуваат да купите, си имаат редовни муштерии кои кога шетаат сакаат да си купат од овој здрав оброк.

Родителите им купуваат на своите деца и знаат дека е подобар избор  одколку тост навечер.

 

 

More from БитолаMore posts in Битола »