Press "Enter" to skip to content

Влатко Лозановски – Лозано ѕвезда на првата вечер на “Белата ноќ“ (мега фотогалерија)

Синоќа на “Белата ноќ“ пред повеќе илјади битилчани и гости од другите градови настапи Влатко Лозановски – Лозано, а вечерва настапува Adrian Sina – Akcent  од Романија.Врела летна вечер, бели балони, дрес код – бело, кој неофицијално скоро сите го почитуваат, преполн плоштад “Гоце Делчев“, добра музика и забава.Различни генерациии  битолчани  синоќа уживаа во атмосфера препознатлива за традиционалната “Бела ноќ“ во Битола. Точно на полноќ Влатко Лозановски – Лозано беше дочекан и најавен како  ѕвезда на вечерта и Белата ноќ. Плоштадот „Гоце Делчев“ каде оваа година беше поставена бината, претесен за сите кои сакаа да уживаат во хитовите на својот миленик. Лозано  синоќа и докажа  дека е миленик на различни генерации од родители, деца, со еден збор “старо и младо“ и дека музиката и енергијата кога се добри не познаваат граници.Најгласни беа и најмладите негови фанови кои ги пееја сите негови хитови, фотографираа и снимаа “live“.Организаторот се погрижи се да помине во најдобар ред, а присутните уживаа во музиката и единствена атмосфера на “Бела ноќ“ во Битола. -Традиционалано по 9 пат се одржува “Белата ноќ“ во Битола во рамки на битолско културно лето, кога и со неа завршува. Оваа година одлучивме бината да ја поставиме на плоштадот “Гоце Делчев“ каде повеќе илјади битолчани уживаа во  настапот со концерт на  Влатко Лозановски – Лозано кој ги воодушеви битолчани, рекоа организаторите.Атмосферата на Белата ноќ е секоја година посебна како првата, така се надевам дека ќе биде и втората вечер. Со тоа што вечерва пред битолчани ќе настапи  Адриан Сина- Акцент од Романија. Свои настапи за добра забава и загревање ќе имаат и ди-џеите Љубиша, Јошевски, Рикардо и Контру. Се надеваме дека  ќе ја направат оваа Бела ноќ незаборавна, додава организаторот.На почетокот на вечерта препознатлив на битолчани по своите настапи Ди Џеј Рикардо ја загреа атмосферата. Потоа следуваше настапот на “Марко Логаут & бенд“.

Жанета Ристевска