Press "Enter" to skip to content

“Бела ноќ“, втор ден, со Адриан Сина – Акцент од Романија (видео + фотoгалерија)

Забавата продолжи и на втората вечер од овогодинешниот настан “Бела ноќ“. На почетокот на вечерта битолските ди џеи ја загреаваа атмосферата со свои настапи.Ди-џеите  Рикардо, Љубиша, Јошевски и Контру беа прави  звезди на почетокот на вечерта со свои извонредни настапи.Тиа ја доведоа атмосферта до кулминација за да на полноќ продолжи со настапот на Акцент – Адриан Сина кој сега настапува како соло пејач од групата под име Акцент од Романија.

Адриан  Сина – Акцент  успешно ја забавуваше и комуницираше со публиката која ја почуствува неговата енергија.  На бината направи  шоу  каде повика фанови кои играа и са забавуваа со него. Ди-џеј Љубиша го остави пултот со музика и заигра во ритамот на музиката.-Оваа година повторно две вечери “Бела ноќ“ со настапи на Влатко Лозановски – Лозано, Акцент и битолските ди-џеи. Со ова сакавме да ги задоволиме вкусовите на различна публика и  стил на музика. Се надеваме дека секој се завбавуваше добро. На првата вечер заедно со Лозано хитовите ги пееја од најмали деца заедно со родителите. Со тоа и тие ја почуствуваа добрата енергија на “Бела ноќ“. Тинејџерите се забавуваа со нашите ди-џеи, велат организаторите.-Оваа втора вечер битолчани имаа можност да го видат настапот и шоуто на Адриан Сина – Акцент. Се надеваме дека ја постигнавме целта со овие две вечери забава ни рекоа организаторите.Следната година е 10-то, јубилејно издание на “Бела ноќ“, а битолчани за да имаат комплетно уживање и забава, организаторот најави дека веќе ги има започнато организациските подготовки.

Жанета Ристевска

Mission News Theme by Compete Themes.