Управата на Пелистер со доведувањето на третиот странец оваа сезона ја комплетира замислата за тој кој странци ќе играат во зелено-белиот дрес. Последен кој стави потпис на договор со Пелистер, е Србинот, Владимир Враниќ, кој се обврза наредната сезона да биде плејмејкер во Битола.
Владимир Враниќ има 29 години, висок е 188 сантиметри и е избор на тренерот Зоран Тодоровиќ. Враниќ доаѓа од школата во Ужице, Во својата кариера Враниќ а има настапувано за Смедерево, Граѓански и Вогошча од Сараево.
Останува уште да се изјасни американецот Билер, кој изминатата сезона настапуваше за Пелистер, да ќе ја прифати понудата од друг клуб или ќе остане во Битола.
Инаку, покрај ангажманот на Враниќ, Пелистер ги продолжи договорите со Атанасовски, Обедниковски и младинецот Ангел Лазаревски, а ги доведе Зафиров, Казарновски, Старкс, Зекири и Цветковски.
Сите засилувања треба да бидат во Битола до крајот на седмицата, а тренерот Тодоровиќ со нив ќе започне да работи од 1 септември, како најави на првата прозивка.






