Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: препораки за родители на децата кои поаѓаат во училиште

На детето треба да му се кажува што ги чека во училиште, но од позитивен и ведар аспект и без зголемување и  дополнително разубавување на се. Исто така добро е да му  раскажеме, како беше кога ние започнувавме на училиште во прво одделение (посебно дека постојат разлики од тогаш). Посебно да ги нагласиме сопствените  чувства кои сме имале првиот ден, какви биле тие, од што сме биле исплашени, како сме го надминале стравот, како сме се дружеле, со кого, и што најповеќе сме сакале во училиште. На тој начин  му даваме позитивна порака дека  го разбираме што доживува и се соживуваме со неговите понекогаш и измешани чувства на возбуда, страв… дека сакаме дознаеме  како се чувствува. Со сето тоа  и го ослободуваме  да зборува за своите чувства, но не ги оставаме настрана ни своите. Со тоа му оневозможуваме да се создаде отпор за училиштето.

1-ви септември, почеток на учебна година и време за поаѓање во училиште. Кај секого  буди спомени и различни чувства. Нови патики, нов училишен ранец, училишен прибор, тетратки, моливи, боици, шестари… тој мирис на нив се уште го чувствуваме сите, но сите ние различно се сеќаваме на овој ден. За првиот ден и тој период сите ние евоцираме  сопствени спомени и емоции поврзани со него.

Но, за родителите кои имаат дете кое сега тргнува во училиште во прво одделение постои поголем стрес околу низа дилеми кои ги имаат денешните генерации на родители. Со цел да им излеземе во пресрет и охрабриме ќе се обидеме да одговориме на некои дилеми и прашања кои се поврзани со оваа тема. Се надеваме дека овие совети и препораки ќе им бидат корисни и секој ќе извлече тоа што му е потребно

Една од најголемите грижи кој ги притиска родителите е како ќе се вклопи неговото дете во новата средина. Дали ќе биде прифатено од средината, другарчињата, учителката…

-Овој страв е оправдан, бидејќи сите се плашиме кога прв пат ќе се најдеме во некоја ситуација не можеме да знаеме дали ќе бидеме прифатени особено ако имаме 6 или 7 години, родителите би требало да знаат дека е нормално да се плашат, но правилно да го анализираат тој страв и да не го додаваат врз стравот кој постои кај детето. Треба да успеат  да бидат мирни и да се смируваат со зборовите “се ќе биде во ред“ но, и внатрешно бидејќи  нивното дете може интуитивно да го почуствува тој страв и да биде дополнително оптоварување за него. Родителите треба да знаат дека овој страв кај детето е вообичаен, а  не “ненормален“. Од своја позиција на смиреност да ги пратат чувствата на детето, во однос на училиштето и другарчињата. Децата на таа возраст уште ја читаат невербална комуникација и реагираат по интуиција во избор на другарче и сл.  Добро би било сигурно, опуштено и како од љубопитност да го прашаме  и да го потикнеме да ни кажува за своите чувства поврзани со се околу него. Како се почуствува денес, дали запозна ново другарче во училиште  и сл.

Кај некои деца може да се јават и некои психосоматски тегоби (несоница, болки во стомачето, главата, повраќање, послаб апетит, да сака да спие со мама, тато). Сето тоа е треба смирено и трпеливо да се прифати, како нормално да се јави кај некои деца првите денови на училиште во нова средина. Но, треба смирен разговор со детето, прошетки во парк, да му се даде омилената играчка и сл.Родителите се загроижени и за тоа како нивните децата кои до 31 август играта им била основна активност  и грижа мора ден подоцна да седат 40 минути, мирно на едно место во континуитет од неколку часа и  како да ги  усмерат децата кон училишните обврски и должности.

-Училишните активности и обврски се прилагодени спрема возраста.  Активносстите на часовите се интерактивни за да им биде интересно и да  го задржи  вниманието на учениците. Се разбира и наставните часови се прилагодуваат на тгоа. Првачињата прво стратуваат со 2 часа и постепено се зголемуваат во текот на првите седмици во зависност од тоа како се прилагодуваат учениците. Првиот месец е месец на адаптација, запознавање. Подоцна следните месеци се зголемува фондот на часови и обврски кои му се задаваат и домаЗаради тоа во почетокот за родителите е потребно да знаат:

Домашните задачи можат да ги прават заедно, но понатаму родителот треба да биде споредна фигура во тие активности,

-Детето треба да се поттикнува самостојно да ги изработува домашните задачи и исто така само да ги открива своите грешки. Улогата на  родителот е  да открие кога ќе биде детето подготвено самостојно да пишува домашни задаши и тој да контролира дали е во ред.

-Претераната контрола од родителот испраќа порака до детето дека е не е способно само да ги извршува своите обврски и дека не му се верува доволно во тоа што ќе го направи дури и ако му се кажува “секоја чест супер е направено!“или “која е следната задача?“…

Во врска со пишувањето на домашни задачи има 3 правила кои треба да му се укажат на детето и тоа да ги применува и понатаму во неговото образование:

1 правило – прво се изработуваат решаваат потешките, а потоа полесните зададени домашни задачи и предмети,

2 правило – мобилниот телефон треба да биде тргнат настрана од видео кругот, како и исклучен ТВ и друго што одвлекува внимание,

3 правило – откако се ќе се изработи се средува училишната чанта за другиот ден со сите потребни прибори кои треба да се носат за наредниот ден и се разсбира тука е и  училишната униформа, така ученикот треба да биде подготвен за наредниот училишен ден.

Овие три чекори треба да станат навика за понатаму.Периодот кога започнуваат на училиште за детето значи и премин од активности на игра во други активности на работни навики кои ги бара училиштето. Дали покрај училишните обврски родителите ќе претераат и со воведување на дополнителни домашни работни обврски

-Ако детето до поаѓањето во училиште немало други обврски во зависност од возраста а тоа се:

-средување и сложување на своите играчки

-сложување на свои алишта пред спиење потоа наутро сложување на пижами и сл.

-средување на маса заедно со мама после јадење и сл. обврски околу домот спрема возраста

-животни вештини и навики спрема возраст како (врзување на  врвки од патики и самосојно облекување, одење во ВЦ со потребната хигиена).

Исто така добро е да биде подготвено и да знае:

-Што е лево десно, горе- долу, напред- назад

-Да ги знае и опишува годишните времиња,

-Да брои до 10

Со воведување на вакви обврски и учење на животни вештини при воспитувањето на детето тоа се подготвува за да биде што посамостојно кога тргнува на училиште. Но, ако до поаѓање во училиште тоа нема никакви обврски и правила тогаш со воведувањето на истите треба да биде постепено и не треба да се претерува со нив. Често родителите кога детето тргне во училиште имаат високи очекувања дека покрај училишните обврски сега треба да ги исполнува и другите. И тоа представува дополнително оптоварување непосредно по тргнувањето во училште.

За родителите постои и сомнеж дали треба детето да знае да чита, пишува и решава основни математички задачи пред да тргне во училиште и дали оние деца кои знаат ќе отскокнуваат од оние кои не знаат да читаат или пишуваат или знаат основни математички задачи. Кај родителите постои страв од нееднаквиот старт на првачињата.

-Треба да се нагласи дека кога ќе тргне во прво одделение многу поважно е детето да биде подготвено на основните животни вештини кои ги споменавнме погоре, а тоа беа: самостојно да се облекува, соблекува, јакната да ја обесува во училница, да ги врзува врвките, да ги сложува училишниот прибор, моливи, боици, тетратки во училишната чанта, да знае да го брише своето носе, и потребите за во тоалет. Тие вештини се многу позначајни и за учителката од колку кога започне тоа да знае да пишува букви или чита. Оние кои не знаат, ќе научат и правилно со правила како што ги учи учителката. Родителите на тие деца не треба да се плашат дека ќе заостанат бидејќи и развојот на децата не е праволиниски. “Хало ефектот“ дека оние деца кои се покажале како добри во почетокот ќе ги следи таквата слика и понатаму во училишниот процес многу зависи од објективноста на наставникот и неговата проценка кој колку напредува се трзабира со почитување на индивидуалните рзалики кај учениците.

Изразот “лош ученик“ е ноќна мора за родителите и дали заради тоа тие понекогаш му поставуваат превисоки цели и очекувања на своето дете.

-Треба да се нагласи дека сите очекувања на родителите кои не се во согласност со личноста, способностите на детето имаат негативно влијание на развојот на автентична, исполнета и среќна личност. Заради тоа тие може :

-да се превисоки во однос на возраста или способностите на детето

-да се прениски и да не одговараат на способностите (на пр. дете кое е талентирано за спорт, а не за математика родителите форсираат тоа да биде математичар или обратно) или постоечкиот талент да не се развива или негува сметајќи дека не е важен (пр. “подобро е да бидеш доктор одколку пејач“ и др.)

-барање детето да развива исти особини како и родителот

-неисполнетите родителски очекувања и неостварените желби за некоја професија исто така негативно влијае на очекувањта од своите деца

-ако родителот е на работно место кое не му се допаѓа, незадоволството од него го тера детето на сосема спротивни вештини кои можеби и не му лежат.

Постојат родители кои долго време до поголема возраст ги носат и враќаат од училиште своите деца со што му оневозможуваат на своето дете да се дружи и се оддалечува од своите врсници со кои треба да се дружи при одење или назад од училиште,  а  тоа дружење е единствено и значајно.

-Свесни сме дека на почетокот треба детето  да се носи и пречекува од училиште. При тоа копга се поминува патот добро е времето  да се искористи за да му се објаснуваат сите опасности и правила на однесување на патот. Во зависност од околината и опасностите родителите треба да проценат добро кога детето е спремно да го прави тоа самостојно или заедно со врсниците и другарчињата.