Press "Enter" to skip to content

Ајде на кафе, во “Caffe Caffe“! (фотогалерија)

“Ајде ќе пиеме по едно  кафе…“  обично значи, ајде да излеземе, да се видиме, и е причина, повод за дружење. За битолчани  првото утринско кафе исто така стана тренд, мода да се пие на Широк Сокак  и се разбира  во кафулето “Caffe Caffe“ на плоштадот “Магнолија“ каде и  е најубаво и најпријатно место во овој период на денот.Новите модерни тенди го украсија просторот на плоштадот “Магнолија“и привлекуваат внимание, со тоа  кафулето “Caffe Caffe“  во состав на ресторанот “Белведере“  беше место за кафе музабет за многу битолчани во летото. Но, и со завршување на летните одмори и месец септември кој и понатаму е топол, многу битолчани ќе уживаат во своето утринско кафе тука.-Кафето никогаш не било само кафе и тоа сите ние многу добро го знаеме посебно за  битолчани за кои тоа е вистински ритуал. Познато е дека во различни краишта на светот, одреден пијалок, храна или друг вид на задоволство и навика претставувале причина, повод, па како сакате и изговор за социјализација, дружба и поврзување меѓу луѓето, започнува  Никола Чорбевски кој во кафулето  “Caffe Caffe“ постојано  воведува новини во изборот на повеќе видови на кафе, и за луѓето, негови обожувачи им приредува ретко убаво задоволство кога го конзумираат.-Има различни уживатели  на кафе …некои од муштериите  уживаат да го испијат сами наутро уживајќи на утринско сонце, и да размислат за себеси, својот живот, својата иднина и слично, некои пак во друштво. Некои низ разговор за бизнис и сл.. Има и одлични познавачи на кафето, кои пијат секогаш нови видови кафе и го следат трендот на се што е ново, но ние се трудиме да го задоволиме и вкусот на најпребирливите. Тука е и  нашиот сладоледот со врвен квалитет по италијанска рецептура, вели Чорбевски.Кафулето “Caffe Caffe“  заедно со ресторан “Белведере“ нуди услуги и  квалитет  на највисоко ниво, додава Чорбевски.

Жанета Ристевска

Mission News Theme by Compete Themes.