Press "Enter" to skip to content

Билјана Трапановска, фитнес-тренер во фитнес центарот на“Уна Нова“: Don’t wish for a good body… Work for it!

Можеби скоро секоја жена посакува обликувано тело, без целулит, рамен стомак, а поабициозните и“плочки“ на истиот… Но, често ваквиот изглед бара  многу одрекувања  самодисциплина во исхрана и напорно, редовно вежбање. Билјана Трапановска, фитнес тренер во фитнес центарот  на салонот за убавина “Уна Нова“ ги има сите атрибути кои ги наведовме. И покрај совршено обликувано тело и изглед, таа е скромна и во стилот на спортски тип девојка ноншалатно ми рече “немој многу да пишуваш за мене“.Разговорот го направивме во фитнес центарот на салонот за убавина “Уна Нова“ кој е нејзин “терен“ и каде се вклопува целосно и со изглед, обликувано женско тело со издиференцирани мускули, но најповеќе се истакнува  со својата позитивна енергија која ја шири наоколу. Таа е тука со совети и инструкции на своите членови на фитнесот. Таа инструкциите ги дава на толку позитивен начин да на мојата забелешкаа дека со самиот нејзин изглед и енергија ги поттикнува многу жени да вежбаат и на некој начин ја следат  низ насмевка ми рече вежбањето и здрав начин на исхрана е мој начин на живот.Накратко како што и сакаше, ја опишав Билјана Трапановска фитнес тренер во фитнес центарот на “Уна Нова“, место каде се тренира во добро опремени услови и добра атмосфера. За  позитивната  атмосфера секако заслужна Билјана. Тоа е тој психолошкиот дел во вежбањето  и  напорните тренинзии   каде значаен  е поттикот, мотивацијата, волјата, да се истрае… Фитнес центарот работи во склоп на Салонот за убавина „ Уна Нова“ Кажете ни повеќе за него и што им нуди на битолчанки…

-Фитнес центарот на Уна Нова е современо уреден простор со најмодерни справи за кардио вежби и за секој мускул на човечкото тело пооделно.  Фитнес програмата  се прилагодува на секоја членка коај се зачленува во овој фитнес центар. Во фитнес центарот им излегуваме во пресрет на сите кои сакаат да вежбаат,во зависност од тоа дали на месечно ниво или подолго,  и  термини по желба. Во зависност од своето слободно време секој член може да ги користи услугите односно справите во  фитнес центарот Уна Нова.  Заради тоа и во фитнес центарот  членуваат  многу редовни клиентки и спортистки. Ова е  место каде се тренира во добро опремени услови и добра позитивна атмосфера. Секој да се чувствува убаво. На почетокот со секој член кој се зачленува разговор  за тоа што  сака да се постигние, намалување на килограми, обем, диференцирање на одделни мускули и планирање на времето. Потоа им давам инструкции за вежбање и на кои  справи би било идеално да се вежба,  во зависност од тоа што сакаме да постигнеме.Кажете ни препораки за оние жени  кои се борат со вишокот на килограми и не се задоволни од своето тело?

-Добро е кажано, оние кои не се задоволни од своето тело, бидејќи постојат жени  кои добро ги носат своите килограми и се задоволни од себе и своето тело.  Но, постојат жени на кои вишокот килограми им прави проблем,  се чувствуваат непријатно, неубаво, не можат да облечат што сакаат, не се чувствуваат убаво кога треба да го изложат телото во лето на плажа и слично. Или со други зборови се срамат од своето тело. Сметам дека никој не смее да се срами од сопственото тело. Често  заради тоа и се повлекуваат и немаат самодовеба. Тоа има влијание во нивниот живот и комуникацијата. Ги поканувам да дојдат во фитнес центарот каде ќе добијат позитивни препораки и инструкции како да ја намалат тежината. Ќе поразговараме околу  комбинирање на правилна исхрана, правилно вежбање. Комбинирање на вежбање со третмани за слабеење.  Со самодисциплина и самоконтрола мислам дека се постигнуваат одлични резултати и на крај задоволството е големо и за мене како фитнес тренер и секако за некој кој успеал да ослабе макар и неколку килограми.Don’t wish for a good body …   Work for it!   Не е само добар слоган за реклама на промо пакети во фитнес центарот на „Уна Нова“ туку можеби и цела филозофија на вежбање.

-Мора да бидеме реални дека мора да сме упорни и редовни при тренинзи и самодисциплинирани во се за да има резултат. Заради тоа и на почетокот на интервјуто моето мото изреката не посакувај само добро тело! Потруди се. Јас велам за добро обликувано тело мора откажување од многу нешта и водење еден здрав начин на живот. Самодисциплина во се, од правилна избалансирана исхрана,  редовни тренинзи, правилн одмор и добар сон. Кога се постигнат  резултати кои ги посакуваме, намалување на тежина, тогаш и задоволството од нашиот изглед допринесува за да се чувствуваме позитивно. Тоа ни дава  поголема сигурност и самодоверба. Сета ова води  до успех и во нашите социјални односи со другите.  Вежбањето исто така не ослободува од стрес, бидејќи со вежбање се лачат хормони кои придонесуваат да се чувствуваме добро, кое исто така придонесува да бидеме добро расположени.Фитнес центарот има  своја фитнес програма во која се комбинираат пакети за слабеење кои се составен дел на услуги кои ги нуди “Уна Нова“ . Кажете ни повеќе? 

-Нашиот салон нуди многу добри понуди на пакети за слабеење кои  се поврзани со фитнес  центарот и програмата. Се разбира резултатите за слабеењето се подобри  ако се искомбинираат. Во нашите промотивни пакети за слабеење кои ги нудиме скоро секој месец со  попуст за редовни клиенти кои сакаат да се во добра форма и негувано тело. Нудиме попуст за членарина во фитнес центарот комбинирана со пакетите за слабеење комбинирани  антицелулитни третмани кои ќе ја подобрат циркулацијата и изгледот на кожата.  Вежбањето ќе има поголем ефект. Во оваа прилика ви ја препорачуваме топ формулата за намалување на обем кој го посакуваат сите клиентки. Тоа се комбинирани третмани со вежби, третмани во инфрацрвен тунел ,алго пакувања и антицелулитни. Со овие третмани се негува кожата на телото, која после третманите изгледа мазна и сјајна. Со нив и  пакет за користење на солариумот за потемнување и  истакнување на обликвано тело.Фитнес и солариум, кажети ни повеќе околу ова и за услугите и користење на солариумот?

– Солариумот кој е  популарен посебно во  летни месеци кога нашето тело е откриено во летна гардероба, се оди на плажа. Препорака до сите жени, дека потемнетиот тен ги сокрива недостатоците на телото и тенот и секој изгледа поубаво, сјајно… дури вишокот килограми и целулитот се прикриваат. За  оние кои вежбаат знаат дека  мускулите подобро се истакнуваат кога кожата е исончана, тенот потемен и сјајен. Секако нашите редовни клиенти и оние кои  ги прават третманите за слабеење добиваат попуст на користење на солариумот. Препорака до сите кој сакаат да го задржат подолго темниот тен и исончана кожа после лето, да го користат солариумот само неколку минути еднаш до два пати месечно.Билјана на крајот уште додаде: „ако сакате да бидете вечно млади, па дури и кога телото старее, а духот е се уште млад, одличен начин да се надмине тоа  е вежбањето“.

Во модерно време на брз и стресен начин на живот, во коj се забораваме можеби  кои сме и што не прави среќни и здрави, вежбањето и здравиот начин на живот може да ни помогне во ослободување од стресот, негативната енергија и свртување кон себе. Заради тоа напревете го тоа за себе и задоволтвото од себе ве прави среќни и задоволни. Задоволна и среќна жена е убава жена.

Жанета Ристевка

More from ИнтервјуMore posts in Интервју »
Mission News Theme by Compete Themes.