Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: во Музејот беше изведен најдолгиот театарски перформанс, четири часа и неколку сцени

Во мојот новинарски бележник, за 2009 година имам запишано дека во летото таа година, некаде во овој период во Битола се одржала најдолгата театарска претстава во историјата на градот, “Троид и Кресида“, која траеше четири часа, започнува со своите сеќавања Димче Миновски.-Ова беше театарски перформанс кој се одржа во Заводот и музеј во Битола, каде беа поставени неколку сцени, а дел се одвиваше во дворот каде исто така беше поставена сцена, а на обични гајби од пиво седеше публиката, вели доајенот на битолското новинарство, Димче Миновски, кој додава:-Ако се зборува за некои посебни работи кои се невообичаени, тогаш мора да се спомене и тоа што во пациото на Зазводот и музеј беше изграден  привремен базен, со “позамашни“ димензии, да не речам олимписки, каде се одвиваа и најголемиот број на изведби, дворот беше ограден со привремена ограда висока 2-3 метри со бали сено, а имаше и голема бина поставена високо.Режисер на овој театарски перформанс, бил познатиот српски режисер, Љубиша Ристиќ, кој за жал сегашната публика го познава повеќе по учеството во политички емисии, каде како зборува за геополитика. Но, тоа е кај нас, а во својата земја работи како режисер.За жал поради просторот публиката се “селеше“ од една до друга сцена, се враќаше на старата, отиде во дворот, но сепак беше незаборавно театарско доживување за битолчани, вели Миновски.-Морам да и тоа дека ова го видоа само мал број на битолчани, прво поради просторот, потоа и поради тоа што се одигра само еднаш, поради гломазноста на целиот проект.Би сакал ако некој кој има видео материјал за целата вечер, да направи документарен филм да видиме како тоа изгледаше од оваа временска дистанца по 10 години, а се беше во рамките на битолското културно лето.

Mission News Theme by Compete Themes.