Новите првачиња во ОУ “Стив Наумов“ денес беа примени во школските клупи и со тоа го означија почетокот на нивните школски денови.
Учителите на најмалите ученици, откако ги прочитаа своите нови ученици во школскиот двор, заедно со нивните родители ги упатија во нивните училници.
Таму успешни школски денови им посака директорката на ОУ “Стин Наумов“, градоначалничката на Битола, Наташа Петровска и генералниот директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски.
-Сакам да им посакам упешна школска година на сите првачиња, и да имаат среќно детство и школски денови во училишните клупи, рече градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.
-Во име на компанијата ЕСМ сакам да им посакам среќна школска година на сите првачиња, а ЕСМ како општествено одговорна компанија на првачињата им подарува мал подарок на овој за нив прв школски час, а секако ќе донираме и помагаме и во самите училишта, рече Ковачевски.
Градоначалничката Петровска и директорот на ЕСМ, Ковачевски на сите првачиња им поделија школски прибор.
Претходно во дворот на училиштетото поголемите ученици на првачињата им одржаа и мала свечена приредба, каде заедно ги пееја популарните, за нив, песнички.

На првачињата од “Стив Наумов“ успешно школување им посакаа градоначалничката Петровска и директорот на ЕСМ Ковачевски (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- ЈКП “Водовод“ Битола: прекин на водоснабувањето во населба “Карпош“
- Хрватскиот кружен напаѓач Никола Граховац засилување на Еурофарм Пелистер
- Пешачка патека со физички пречки на улицата “Св. Кирил и Методиј“
- “Глас против тишината – да зборуваме против насилството кое боли“
- СВР Битола: сопруга повредена од нејзиниот сопруг со остар предмет





