Press "Enter" to skip to content

Прв училишен ден во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ и  свечен прием на првачиња (фотогалерија)

Училишното звонче го означи стартот на новата учебна 2019/20.  Утрово многу ученици возбудено итаа накај своите училишта. Сите со нови спомени и доживувања од летниот распуст кој за некои како да беше многу краток.Повторно видување со своите соученици и наставници. Насекаде детски жагор и насмеани лица без оглед и што некои мореаа да станат рано. Но, сигурно највозбудени и растреперени со измешани чувства на радост, страв, срам или тага беа новите ученици кои тргнуваат во прво одделение.Основното училиште  “Св. Кирил и Методиј“ денес свечено ги пречека своите првачиња со пригодна приредба за нив и нивните родители, баби и дедовци, со која се претставија  учениците од шесто одделение.Директорот на училиштето, Душко Костовски, со пригоден говор ги поздрави  и  им посака добредојде на првачињата и нивните родители кои беа со нив на првиот училишен ден.После распределувањето на првачињата, тие со своите учителки отидоа во своите училници.На овој ден сите сме посебно возбудени,  но по првото запознавање веќе сме многу поблиски. Се надевам дека оваа нова генерација на ученици во нашето училиште ќе има добри ученички денови и од тука ќе понесат добри спомени, вели одделенската наставничка, Лидија Поповска, која до сега има примено голем број на генерации во прво одделение.-Оваа учебна година во нашето училиште го пополнавме двете паралелки во прво одделение и подготвени ги дочекавме нашите првачиња и сите други ученици со тоа што преку летото ги саниравме сите недостатоци и реконструиравме дел од училниците, ходниците, влезната врата и дворот.Заштитната ограда за поголема безбедност се доврши и веќе е монтирана со што ќе придонесе за поголема безбедност на учениците, бидејќи влезот на училиштетото е на самата улица, која иако не е многу прометна преставува заштита на учениците при излегувањето од училиштето, а го разубави и училишниот двор, изјави директорот на училиштето, додаде Костовски.За другите ученици кои започнаа на училиште беше ден за раскажување на доживувања од летниот распуст и тоа, кој како си поминал. Учениците од повисоките класови од предметна настава гордо чекореа низ училиштето сигурни во себе.Посебно сме возбудени сите и учениците и наставниците. Овој ден е секогаш полн со емоции кога се гледаме после летото и сите си го честитаме почетокот на учебната година која кај сите буди изпомешани емоции, ни изјавија одделенските наставниците кои го одржаа класниот час и ги поздравија своите ученици.Жанета Ристевски

Mission News Theme by Compete Themes.