Press "Enter" to skip to content

Ева Милевска, со репрезентацијата на подготовки во Хинтертукс, Австрија

Додека некои летото го користеа за одмор, дел од членовите на СК Пелистер напорно работеа во текот на целото лето се со цел спремни да ги дочекаат првите денови тренинг на снег. Дел од подготовките ги реализираа со кондиционен тренер од Битола, Саше
Вељановски, а дел се одвиваа со програма од Скијачка Федерација на Македонија.

Од оваа натпреварувачка сезона Ева Милевска ќе работи по комплетна програма на скијачка федерација на Македонија, со тренерот Никола Панчевски како и првиот тренер на репрезентацијата Антонио Ристевски.

Оваа сезона е и прва од четирите години во “FIS Children“, натпреварувања кој се и официјални регистрирани и рангирани трки за најмладите категории. Репрезентацијата на Македонија веќе се наоѓа во Хинтертукс, Австрија и го обработува првиот планиран тренинг на глечер, па им посакуваме успешна сезона.

Традицијата на Алпското женско скијање од Битола продолжува, да потсетиме само на
неколку кој оставиле трага во македонското скијање со извинување на сите останати кој не ги набројавме: Милка Гемту, Марина Велкова, Сашка, Јелка Симјановска, Ивони Џима, постара Думинагловска, Виолета Симјановска, Нели Панова, Снеже, Весна Атанасовска, Весна Дунимагловска ( прва учесничка на Олимпијада ), Снежана Спирковска, Мери Спирковска, Анчевска, ќерките Гемтовски, Билјана Талевска, Лидија Симјановска…

Да кажеме и за сноуборд екипата на СК Пелистер која оваа натпреварувачка сезона исто така оди голем чекор напред со ангажирање на еден од најдобрите светски тренери за Alpin Snowboard. Направени се план и програма за подготовки на снег кој треба да се реализира на Капрун, Австрија и веќе од месец септември е планиран и првиот тренинг на глечер, а планирано е и учество на најдобрите трки во Австрија, Словенија, регионот како и во Македонија, што ќе биде нов предизвик за нив.