Press "Enter" to skip to content

Ракометарите на Спартак Москва, имаа прес-конференција, тренинг и прошетка по Широк Сокак (фото)

Во 18 часот ракометарите на Спартак Москва го имаат првиот тренинг од планираните два пред натпреварот со екипата на Еурофарм Работник и запознавање со амбиентот во спортска сала “Боро Чурлевски“.Од она што го видовме во салата тие имаа само лесен тренинг со топка, низ музика, а потоа се упатија на прошетка низ Широк Сокак, а претходно на прес-конференција се претставија самиите и ги кажаа своите амбиции.Во тимот на Спартак Москва има неколку ракометари од бившите југословенски простори  кои добро ја  познаваат битолската екипа, на која им го доделија епитетот фаворит на утрешната средба.Црногорецот Игор Радоjeвиќ на пресот рече:

-Очекувам тежок натпревар, малку сме уморни од натпреварот пред два дена, но се надеваме на добар резултат. Еурофарм Работник е физички многу силна екипа. Немаме некој резултатски императив нешто дека мора да оствариме, играме на повеќе фронтови и за нас секоја победа би била успех. Ги познавам повеќето ракометари на Еурофарм Работник, а таму игра и мојот репрезентативен колега Мирко Радовиќ, па имаме доста информации за ривалот.По русите во времето на одигрување на натпреварот во 20,45 имаат тренинг и ракометарите на Еурофарм Работник.Утре во 10 часот наутро екипата на Спартак Москва ќе го има и вториот закажан претходно тренинг.