Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник со победа против Спартак Москва ја отвори СЕХА лигата (фотогалерија)

Еурофарм Работник – Спартак Москва 34:29 (15:13)

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Гледачи: 2000. 

Судии: Матија Губица и Борис Милошевиќ од Хрватска. 

Делегат: Јосип Посавец од Хрватска.ЕУРОФАРМ РАБОТНИК: Митревски (10 одб.), Чаневски (1 сед.), Ојлески 1/1, Маркоски 3/3, Маџовски 3/4, Чурлевски, Стјепановиќ 10/14, Радовиќ 2/3, Шевелев 3/4, Јотиќ 4/6, Вегар 5/8, Кукоски, Граџан, Ѓукиќ 3/4, Кузманоски, Петровски.

Седмерци: 1/2, Исклучувања: 10 мин.

СПАРТАК МОСКВА: Сорокин (1 одб.), Никулин 0/1 (7 одб., Урбонас 6/8, Ковалев, Евдокимов, Фокин 1/1, Коршунов 2/2, Виноградов 2/5, Рјабов 1/1, Радојевиќ 4/5, Деревен 8/14, Шкопинцев 2/4, Афлитулин 2/2, Шелестјуков 1/1, Самарски, Цакаријас 0/1.

Седмерци: 4/5, Исклучувања: 6 мин.Екипата на Еурофарм Работник успеа да ја исполни целта, во Битола, ја победи руската екипа на Спартак Москва со 34:29, полувреме 15:13, во натпревар во кој стартот не ветуваше многу за битолчани.Еурофарм Работник влезе во оваа средба со минус на стартот, а Спартак Москва во 12. минута имаше високи пет гола, 8:3, а потоа и 5:10 работите. Потоа следуваше голем пресврт и во наредните 15 минути работите добија нова насока. Од 16. до 24. минута не примија гол, следуваше и израмнување по серијата 5:0 на 10:10. Првото водство за Еурофарм Работник дојде во 26. минута (12:11), а на полувреме “фармацевтите заминаа  со +2, 15:13.Во второто полувреме екипата на Еурофарм Работник по десетина минути игра стигна до +4, 22:18, а потоа и на +6 во 38. минута (26:20). До крајот на средбата Алушевски и рекометарите на Еурофарм Работник држеа се под контрола и мирно го завршија натпреварот со 34:29.На официјалниот прес тренерот на Еурофарм Работник, Стевче Алушовски рече дека е задоволен од резултатот,  но како рече ќе има уште многу за поправање во следниот период.-Им честитам на моите момци за прикажаната игра и за победата која беше обезбедена на првиот натпревар во СЕХА лигата. Ќе мораме да ја поправиме играта доколку сакаме да бидеме конкурентни на следните средби и во СЕХА и во Лигата на шампионите. Јас сум победник по природа и не би бил тренер ако не верувам во моите играчи, рече Алушовски.Капитенот на Еурофарм Работник, Гоце Ојлески, рече:-Беше тешко да се игра на овој дуел. Сепак, оваа победа ни дава многу мотив и можност да се ослободиме и секако да ни ја крене самодовербата пред натпреварите од Лигата на шампионите. Не сме задоволни од нашата игра, има место за напредок, а ова не е нашето најдобро светло.Текст и фото: Сашо Ристевски

Mission News Theme by Compete Themes.