Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“ дијагностицира мастен црб дроб или “steatosis hepatis“

Специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“,  започна со работа пред неколку  месеци и  поседува најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи.

Сопственикот д-р Васил Чипуровски вели дека тие вршат и дијагностицирање на едно од најчестите заболување, мастниот црн дроб, со помош на ултрасонографија на абдомен (ехо).

-Етиолошки постојат две големи групи на причинители на замастување на црниот дроб. Едната е хроничната алкохолна злоупотреба, а втората е нелкохолната стеатоза која може да е предизвикана од обезност, дијабетес – особено тип 2, гладување, употреба на дадени медикаменти како меотрексат, амиодароне, сулфасализин, нифедипин, појаснува д-р Васил Чипуровски за причинителите за ова заболување и додава:-Ултрасонографски карактеристики на мастниот црн дроб се следните: присуство на хиперрефлектогеност и хиперехогеност спротивно на хипоехогеноста од кората на десниот бубрег, хепатомегалија.

За начинот на лекување на ова заболување, д-р Чипуровски вели:

-Потојат повеќе медикаменти со кои се лекува ова заболување, како и примена на определен хигиено-диететески режим.

Нетретираното замастување на црниот дроб после повеќе годии може да доведе до хепатитис и цироза на црниот дроб според најновите испитувања на Медицинскиот факултет во Виена.

ПЗУ “Д-р Чипуровски“се наоѓа на улица “Игњат Атанасовски“ б.б. во комплексот “Веро“.

Mission News Theme by Compete Themes.