Press "Enter" to skip to content

40. јубилејно издание на “Браќа Манаки“ ќе биде отворено со “Болка и слава“ на Педро Алмодовар (фото)

-Гена Теодосиевска, директорка на фестивалот, на денешната прес-конференција, во Битола рече дека ќе пристигне и кинематограферот на филмот, Хозе Луис Алкаине, кој е лауреат на “Златна камера 300“ на 34. издание на фестивалот во 2013 година.

-На свеченото затворање и во чест на наградените, во Битола ќе биде емитуван филмот “Манаки-приказна во слики“ на Роберт Јанкулоски, 

Успехот на Педро Алмодовар ќе биде споделен со битолчани, со македонската публика, а мене посебно ми е драго што тоа се прави на јубилејното 40. фестивалско издание, истакна шпанскиот амбасадор Емилио Лоренцо Сера, на денешната прес-конференција во Битола.

По повод отворањето на Фестивалот со шпанскиот филм на Алмодовар се обрати и амбасадорот на Кралоството на Шпанија, Емилио Лоренцо Сера, кој истакна дека дека е среќен што е во Битола, градот на конзулите и на браќата Манаки.-Навистина ми е драго што Фестивалот одлучи да ја проследи траекторијата на 40 – годишната работа на Алмодовар и на неговиот соработник и пријател Хозе Луис Алкаине да ја спои со својот јубилеј и го избраа нивниот филм за отворањето. Како амбасадор на Кралстовто Шпанија се гордеам со Алмодовар и сум благодарен што ја слави неговата работа затоа што самиот тој се наметна како можеби најрепрезентативен режисер за Шпанија зашто најдобро го отслика тоа што се случуваше во последните 40 години откако станавме демократска држава. Алмодовар одеше во чекор со демократските промени, но и го критикуваше општеството со доза на сцојот специфичен хумор, рече тој.

Првите луѓе на ИФФК „Браќа Манаки“ Гена Теодосиевска и Благоја Куновски-Доре за јавноста открија дека меѓу бројните гости од странство, во Битола ќе пристигне и Џим Шеридан, висок претставник на Европската филмска академија-ЕФА.-Шеридан е еден од водечките автори, сценарист-режисер на ирската кинематографија која е горда на неговиот опус што го вивна во височините не само на пошироката кинематографија на Обединетото Кралство, односно Велика Британија, туку и во светски рамки – најави Куновски-Доре за гостинот од ЕФА Џим Шеридан.

Годинашното меѓународно жири е во состав Едвард Лакман (САД), претседател и Ненад Дукиќ (Србија), Доминик Велински (Франција), Калојан Божилов (Бугарија) и Фејми Даут (Македонија).

Од името на Општина Битола, Евгенија Бекташ Јосифовска, советник за култура истакна дека во пресрет на почетокот на “Браќа Манаки“, Општината е во постојана комуникација со релевантните чинители за успешноста на фестивалот, како јавните претпријатија, хотелите, Центарот за култура, МВР – сите оние што учествуваат во организацијата на фестивалот.

-Се надевам дека и оваа година, гостите на фестивалот, како филмските работници така и другите гости дека ќе бидат задоволни од нашиот град, ќе понесат позитвини искуства и дека повторно ќе се вратат. Битола е многу горда на постоењето на фестивал од ваков калибар, со 40 годишно постоење и кој и кој ќе постои и во иднина со поитивно искуство“, рече Јосифовска.Директорката на Центарот за култура – Битола, Маја Андоновска Илијевски рече дека приказната за Битола и за Центарот за култура не би била комплетна без фестивалот „Браќа Манаки“.

-Се радувам што веќе технчки и екипирани и подготвени за да широко ги отвориме вратите за 40-тото издание на Фестивалот. Ние како Центар за култура оваа година прославуваме 39 години постоење и ќе славиме уште многу заеднички години. Киното во Центарот за култура е второ по број на посетители во државата, така што како домаќин на фестивалот ги поканувам Битолчани да го оправдаат реномето на филмски град.

ИФФК „Браќа Манаки“-Битола почнува на 14 септември.

Mission News Theme by Compete Themes.