По долго и тешко боледува на 49 годишна возраст почина д-р Зоран Поповски.
Поповски беше лекар, со професионален работен однос во клиничката болница на одделението за урологија, роден 1970 година, а и неговиот татко беше познат хирург во битолската болница.
Д-р Зоран Поповски, 10 години од 2009 година, беше и официјален лекар на корашкарите на Младост, каде секогаш им стоеша на располагање и им помагаше за било какви здравствени проблеми на сите млади кошаркари, а патуваше и со нив.
Поповски подолг период беше вклучен во работата на еколошките здруженија во нашиот град.






