Press "Enter" to skip to content

Победа на фудбалерите на Пелистер за врвот на табелата (фотогалерија)

Пелистер – Дрита 3:1 (1:1)Победа на фудбалерите на Пелистер за враќање во врвот на табелата, по поразот во Скопје, изминатата седмица. Овој пат под Тумбекафе “пелистерци“ ја победија екипата на Дрита од Боговиње, на која им го нанесоа првиот пораз.Фудбалерите на Пелистер имаа иницијатива и контрола на играта, но првото полувреме заврши реми 1:1. Стрелец на првиот гол беше повратникот во зелено-белиот дрес, Антонио Бујчевски, а потоа следуваше изедначувањето на гостите.Вториот дел започна како и првиот дел со иницијатива на Пелистер, но гостите се трудеа да ги држат домашните напаѓачи поделеку од голот. Двата гола во вториот дел “паднаа“ по исправно донесената одлука на главниот судија да досуди пенал.Од пенал погодија Борче Марковски и Благојче Љамчевски.Со оваа победа екипата на Пелистер останува сериозен кандидат за Прва лига.

Mission News Theme by Compete Themes.