Press "Enter" to skip to content

Bitolanews на синоќешното снимање на “Сирената во Париз“ во болницата (фотогалерија)

Кога стигнавме во Ургентно во болницата, филмските доктори “оперираа“, а вистинските лекари од Ургентно “одмараа“. Но, само привидно, бидејќи ако било кој пациент побара преглед во одделенито филсмките лекари нашуштаат и на сцена стапуваа вистинските.-Сега снимаме во Ургентно, за среќа нема потреба од интервенции, а доколку некој треба да биде прегледан и да му биде дадена помош, без разлика во која фаза е снимањето, излегуваме и ги оставаме лекерите да си работат работата, ни рече Вања Георгиевски, локален менаџер за локации, кој помага секаде, а неговат радио-станица, најверојатно се уклучува најповеќе од сите, го бараат статистите, обезбедувањето, ние, дечките со храната…-Добро е што фативме неработни денови, не дека имаме проблеми, туку полесно е за сите. Попладнево сме во Ургентна, потоа одиме на 4-5 спрат во “очно и ушно одделение“. Најверојатно ќе завршиме во предвидениот рок, бидејќи сите работат според договорот.А, дека е така се уверивме на снимањето во тесниот ходник на влезот во ургентно. Снимателите снимаат низ шалтерот во одделението, човекот задолчен за сценариото се проверува по кој знае кој пат, глумците Роман Бохрингер, Алексис Михалик, Никола Авине… низ разговор се преслушуваат, организаторот ги дава последните инструкции кој влегува-кој излегува, режисерот Матијас Малзју, смирен-како и треба да биде. Во десетина квадрати, петнаестина луѓе перфектно функционираат.Нашата актерка Лабина Митевска, седната на столчиња кај мониторите во холот на Ургентно, стрпливо чекаше да ја повикаат на “сетот“.За жал поради специфичната гардероба која ја носи на себе, костимот на сирена, главната глумица, Роси де Палма, не успеавме да ја фотографираме, беше во комбињата за актерите, а и костимот можеби е тајна која што треба да се види на првата проекција на филмот.Статистите во дворот на болницата исто така средени во пижами, го чекаа свој ред, пиејќи кафе, вода, јадејќи “бурито“, а во дворот имаше и голем број битолчани кои гледаа како се одвива снимањето.Парално со Битола се снима и во Скопје, во студио каде е направен брод за сирената и морнарите. Потоа филмаџиите заминуваат во Франција.Продуцент на филмот од македонска страна е продукцијата на Лабина Митевска, “Сестри и брат Митевски“.Инаку, филмот е љубовна драма, која се случува во Франција, во која главни ликови се една девојка кога, ќе запее, кој ја слуша умира бидејќи им го “крши срцето“ и момче на кое веќе срцето му е “скршено“ и песната не делува на него. Тој ја наоѓа девојката повредена, ја носи во болница и започнува заплетот…

Текст и фото: С. Ристевски

Mission News Theme by Compete Themes.