Press "Enter" to skip to content

По два часа борба со пожарот во Чаршијата на пожарникарите, дуќанџиите и доброволците ставен под контрола(фотогалерија)

По два часа беспоштедна битка на пожатникарите, сопствениците и вработените во дуќаните и доброволците е локализиран големиот пожат во Старата битолска чаршија, на влезот од кај Дрвеното мовче.Пожарот избувнал нешто пред 13 часот, а според очевидците настанав во стан на самец, кој живеел во делот на уличката, наспроти задниот влез на ресторанот “Бриони“. -Пожарот, а пред тоа чадот се појави во уличката зад “Бриони“, а за брзо време откако беше пријавен, дојдоа пожарникарите со едно возило, а потоа уште со две возила и голем број пожарникари. Имаше пукање во станот на самецот, најверојтно од струја или други предмети, ни рече очевидец, кој го затекнавме на самото место.Потоа пожарникарите настапија со гаснење на пожарот, а се интервенираше од сите страни, а екипа на ЕВН ја искучи и струјата во чаршијата.На местото беше и човекот од каде започна пожарот, а неговите комшии го обвинуваа дека кај него се собирале и други лица, кои им наштетувале на дуќанџиите.-Кога влеговме внатре беше катастрофа, имаше неподнослива миризба, а беше целосен хаос. Среќа што се се заврши, рече еден од лицата кои први влегоа на местото каде започна пожарот.Додека траеше акцијата на пожарникарите за гаснење на пожарот со три пожарникарски возила, на пожарникарите им помагаа сопствениците на дуќаните и вработените од “Сабина“, обложувалницата, од бутиците “Венис“ и “Тренди“ и другите, кои беа качени на покривите на дуќаните ви отстрануваа ѓерамиците и помагаа од задната страна да се скрши вратата за пожарникарите да влезат внатре, каде се уште гореше.Се интервенираше за гаснење на пожарот од обложубалницата, од задната страна од уличката зад “Бриони“ каде беше скршена и вратата од станот на самецот, а пожарникарски црева имаше и на покривот на дуќаните. Со црева од дуќаните помагаа и околните дуќани, а полицијата го контролираше движењето на пешаците, а како рекоа полицајците толку народ нема ни во пазарен ден.Околу 15 часот, пожарот беше локализиран, но на самото место уште се наоѓаа пожарникарите, а постојано доаѓаше и пожарна полна со вода, а командирот на прптивпожарната единица Костадин Поповски, кој ги затекнавме ни рече кратко дека, се уште имаат работа.

Текст и фото: Сашо Ристевски

Mission News Theme by Compete Themes.