Press "Enter" to skip to content

Владислав Остроушко, старо-ново засилување на Еурофарм Работник

Откако пред два месеца го напушти Еурофарм Работник, повторно се врати во тимот како ново засилување Владислав Остроушко, кој одлично ја одигра сезоната на позицијата среден бек и беше еден од најдобрите ракометари.

Новиот договор меѓу двете страни е за цела сезона, а во Еурофарм Работник се враќа по два месеци од Романија, каде беше ангажиран од селекторот на Украинската репрезентација, каде е тој тренер, но не доби работна виза.

Остроушко дебито во старо-новата средина ќе го има против Спортинг Лисабон, на првиот историски натпревар на тимот во ракометната Лига на шампиони, во вистинско време. Со Остроушко, Алушовски во силните натпревари на две фронта ќе добие посилен напад и одличен шутер, а двајцата одлично се познаваат од минатата сезона и веднаш ќе се стави на располагање на тимот.

Остроушко во Битола дојде од турската екипа Селкаспор.

Mission News Theme by Compete Themes.