Press "Enter" to skip to content

Кабинетот на градежно-геодетската струка во СОУ “Таки Даскало“ со нова опрема (фотогалерија)

Денес во средното општинско училиште “Таки Даскало“ на свечен начин беше прпмовирана новата опрема за градежно геодетската струка, а ја промовираа заменик министерот за образование – Елизабета Наумовска, директорот Владо Георгиев, советничката Татјана Крнчева, професори и гости на училиштето.Со голема чест и задоволство денес како нов заменик министер за образование и наука се враќам во СОУ “Таки Даскало“ свечено да ја промовираме и презентираме опремата која беше набавена во рамките на проектот на Министерството за образование за поддршка и развој на вештини на учениците од градежно геодетската струка на ова училиште, рече заменик министерот за образовани и наука, Елизабета  Наумовска и појасни:-Се работи за компјутерска опрема со соодветен софтвер и  опрема за оваа струка во ова средно училиште, а се состои во соодветни електронски уреди и материјали, лаптоп компјутери, смарт табла и други иструменти кои ќе се користа за реализирање на практичната настава.Оваа опрема со која е опремен кабинетот ќе значи дополнител на поттик за учениците и наставниците да го развиваат практичните вештини. Битола како град кој постојано го развива градежништвото има потреба од вакви кадри, и интересот за оваа струка, откако веќе се подобрени условите, ќе биде поголем, а ќе се зашишуваат нови ученици, додаде Наумовска.Директорот на СОУ “Таки Даскало“ за овој нов кабинет рече:-Нашето училиште има опрема, но се трудиме да доопремиме со софитицирана опрема бидејќи сме стручно училиште, со голем број на ученици и паралелки, каде обуката е важна со стекнувањето на образованието. Со ваква современа и софистицирана опрема целосно ги обучуваме учениците во совладувањето на начините и техниките за во директно производтсво, но и за полагање на државна матура и продолжување на школувањето на високите школи во државата и странство. Ќе продолжиме со доопремување на кабинетите, ќе имаме нови, бодејќи без современа опрема нема занает и ученикот нема да биде баран на пазарот понатаму. Конкретно во нашето училиште за  градежната геодетска струка од оваа година ќе имаат можности да работат со современа софистицирана опрема. Советничката Татјана Крнчева присутвуваше на свеченото отворање на кабинетот и рече дека општина Битола и во иднина ќе продолжи со вложувањето во образованието, без разлика дали е во основното или средното образование, за битолските ученици имаат поквалитетна настава.На опремата најповеќе се израдуваа учениците кои ќе ја користат, а ученичката за архитектонски техничар, Димитра Ангелин рече:-Задоволни сме што имаме вакви одлично услови за одвивање на наставата, а сето тоа ќе ни помогне за школувањето во иднина. Сега ќе изучуваме и апликации кои веќе ги имаме вградени во комјутерите и ќе ни помогнат во цртањето.Училиштето до сега немало ваква опрема, и за прв пат се инсталираат вакви програми, кои ќе им помогаат на учениците.

Mission News Theme by Compete Themes.