Press "Enter" to skip to content

Од утре Еурофарм Работник ќе продава билети за Лига на шампиони

Ќе се продаваат сезонски билети за Лига на шампиони кои ќе важат и за СЕХА лига – 1.700 денари, полусезонски за Лига шампиони – 1.000 денари, како и поединечни по цена од 250 денари.

Во пресрет на првиот натпревар на РК Еурофарм Работник во рамките на ЕХФ Лигата на шампионите, онлајн продажбата на билетите ќе започне утре, среда во 15:00 часот.

Сите кои досега не успеа да купат сезонски билет за натпреварите не РК Еурофарм Работник, сеуште имаат прилика да си набават билет и да навиваат за Еурофарм Работник на домашниот терен во Битола.

Во продажба ќе бидат пуштени блок билетите кои важат и за натпреварите од СЕХА лигата и за Лигата на шампиони. Од среда цената на овие блок влезници ќе изнесува 1.700 денари (бидејќи одигран е еден натпревар од СЕХА лигата).

Полусезонските билети за натпреварите од  Лигата на шампионите  ќе чинат 1.000 денари.

Поединечничните билети за првиот натпревар на РК Еурофарм Работник во ЕХФ Лигата на шампиони против РК Спортинг Лисабон ќе се продаваат по цена од 250 денари.

Посетете ја онлајн страница за купување билети kartieurofarm.mk и станете дел од големото ракометно семејство. Освен на онлајн имате прилика да ги погледнете сите продажни места за билети низ Битола.

Mission News Theme by Compete Themes.