Press "Enter" to skip to content

Пораз на Пелистер во првиот натпревар во ракометната Супер лига (фотогалерија)

Пелистер – Бутел 24:26 (12:14)

Сала: “Боро Чурлевски“ во Битола.  Гледачи: 400. 

Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп. Пелистер: Ивановски, Ристевски, Вардовски, Блажевски, Петровски 7, В. Димитровски 3, Митревски 1, Мандиќ 2, Петковски, Јовановски, И. Димитровски 2, Илиев, Талевски 2, Дрогришки 2, Буторац 3, Димитров 2.

Седмерци: 3/4, Исклучувања: 12 мин.

Бутел: Даскалоски, Блажески, Димов 1, Младеновски 1, Стојановски 1, Ѓеоргиевски 5, Божиновски, Шокоски, Димовски, Спасовски, Мојсоски 2, Милошевски 2, Миланов, Печенковски 3, Василевски 2, Мајиќ 9.

Седмерци: 5/7, Исклучувања: 6 мин.Екипата на Пелистер во последниот натпревар од првото коло од Супер ракометната лига е поразен од екипата на Бутел, во натпревар во кој младата екипа на битолчани покажа квалитет и до крај го одржуваше резултатска рамнотежа, а на крајот имаа прилика да израмнат, но неискусните млади ракометари избрзаа.Гостите од Скопје дојдоа до три бода со 26:24, потешко од сите очекувања иако екипата на Пелистер до само некој ден не се знаеше во каков состав ќе настапи.Од стартот до средината на првото полувреме по првичното водство на гостите беше израмнето, а во 21. минута беше 8:8. Потоа гостите постигнаа неколку голови, а на одмор заминаа со +2 (12:14).Стартот на второто полувреме донесе добра игра  на “пелистерци“ и по серија од 4:0, дојдоа до предност, по што гостите повторно има свои минути.Потоа Пелисте израмни на 19:19, но неискусните ракометари на Александар Зарков не успеаја да дојдат до ново израмнување.На крајот при резултат 24:25, имаа контра напад за израмнување, но избрзаа и погрешија, по што гостите дојдоа до конечни 24:26.