Press "Enter" to skip to content

По изјавата на командирот на ППЕ Битола, директорот на “Водовод“ бара извинување или најавува тужба

По вчерашната изјава на командирот на Противпожаната единица во Битола, Константин Поповски, денес на средба на новинарите, директорот на ЈКП “Водовод“, Горан Козаров на средба со новинарите рече дека очекува лично од него, а и писмено извинување, ако не претпријатието ќе поднесе тужба. 

-ЈКП  “Водовод“ од Битола како општествено одговорно претпријатие, кое работи во интерес на граѓаните, излезе на терен веднаш по дадената изјава и констатира спротивно од тоа што го кажува командирот. Веднаш беше повикана полиција тоа да го констатира на службен записник за понатамошна постапка, а беа повикани и новинарите да се уверат на лице место, дека хидрантската мрежа е во функција. Доколку, командирот на ППЕ, Костадин Поповски во рок од 24 часа не ја повлече дадената изјава и не се извини лично и на писмено ЈКП “Водовод“ ќе поднесе соодветна постапка согласно законските правила и прописи, рече на пресот Козаров.Дека хидрантот бил во функција, а и целата хидрантска мрежа, директорот Козаров, до новинарите и јавноста ја достави и информација-допис во ППЕ Битола и до Дирекцијата за спасување дека ЈКП “Водовод“ на 26 јуни 2019 година, со број 08 -544 испрати скици  со сите позиции на хидранти на територијата на Општина Битола, дека хидрантската мрежа е ажурирана и е во функција.

Општина Битола на својата територија има 700  хидранти по сите европски стандарди  на растојание од 150 до 200 метри, појасни Козаров, а не може да одговори на прашањето зошто никој не го повикал “Воодвод“ и не побарал помош, ако, како вели Поповски, не функционирала на хидрантската мрежа, кога сите знаат дека имаат 24 часа дежурни екипи.

Да потсетиме, синоќешната и денешната реакција на директорот на ЈКП “Водовод“, Горан Козаров, е по изјавата на командирот на ППЕ – Битола, Костадин Поповски рече по борбата со пожарот во Чаршијата дека хидрантската мрежа во тој дел каде што бил пожарот не работи.

Mission News Theme by Compete Themes.