Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: битолчанка приведена во Тетово за хероин, битолчанец со кривична во Охрид за амфетамини

На 11.09.2019 околу 01.30 часот полициски службеници на СВР Тетово-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар ја привеле С.В. (28) од Битола. При претрес извршен со судска наредбa на ул.„Илија Антевски-Смок“ во Гостивар, каде престојувала, бил пронајден хероин. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.З. (49) од с.Кукуречани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 03.09.2019 на Граничен премин ,,Свети Наум”, при преглед на патничко моторно возило управувано од пријавениот, биле пронајдени и одземени амфетамини.