Бројката на деца во општина Битола без вакцинален статус ја немам, не ја знам. Просветниот инспекторат и Министерството за образование прибираат податоци од страна на училиштата, кои што треба да ги достават за бројот на деца кои што не се вакцинирани и не се запишани.
Она што во меѓувреме го договараме е тие ученици, условно да бидат примени во училиште за да не трпи наставата.
Меѓутоа кога се работи за безбедноста и здравјето на сите ученици, и на они кои се вакцинирани и ги исполнуваат условите пропишани со закон.
Родителите ќе мора да сватат дека обврската за учениците да посетуваат задолжително основно образование е задолжителна, а еден од условите за упис, не само со новиот закон, е учениците да ги добијат своите вакцини , и да имаат вакциналниот статус.
Нас во училиштата ни требаат здрави ученици, што ќе биде со учениците кои обезбедиле вакцини, а сега треба да учат со ученици кои не примиле вакциви.
Остануваме на големата слика, ставот на Министерството за образование и наука е дека вакцина мора да има, рече заменик министерката за образование, Елизабета Наумовска.






