На 11.09.2019 околу 05.00 часот во СВР Битола било пријавено дека непознат сторител извршил тешка кражба во продажен објект на ул. “Игнат Атанасовски“ во Битола, при што одзел пари. Се работи на расчистување на случајот.
Полициски службеници од СВР Битола на 11.09.2019 извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, констатирано е дека шест возачи управувале возило без возачка дозвола, шест возила биле нерегистрирани, брзината ја надминале 23 возачи, а на мобилен разговарале четворица возачи.






