Press "Enter" to skip to content

Бимилк им посака среќен и успешен почеток на учебната година на децата во социјален ризик (фотогалерија)

Традицијата на подарување мали изненадувања со кои на учениците ќе им се посака успешен почеток на учебната година, Бимилк ја продолжи и оваа година, но овој пат беа опфатени деца што доаѓаат од семејства во социјален ризик и деца што ја загубиле родителската грижа или се изложени на ризик да ја загубат родителската грижа.Како и минатите години, Бимилк ги изненади децата со омиленото чоколадно млеко „Моја Кравица“ за „сладок“ почеток на училишната година, но овој пат и со училишни ранци како симболична солидарна помош, а во акцијата оваа година не беа вклучени само првачиња, туку и повеќе од 500 ученици од основно училиште, кои се од социјално ранливите категории.„Како компанија, континуирано им помагаме и им даваме поддршка на граѓанските хуманитарни организации во земјава, па така, со оваа наша акција одлучивме традицијата за сладок почеток на училишната година да ја продолжиме и со учениците што доаѓаат од семејства во социјален ризик. Истовремено, сакаме да ги охрабриме да продолжат храбро и решително по патот на својата образовна надградба. Се надеваме дека со ова мало внимание ќе успееме да ги разубавиме нивните училишни денови. Дополнително, сакаме да им дадеме поддршка на пожртвуваните едукатори и згрижувачи во организациите, кои им помагаат на овие деца да се справат со секојдневните предизвици“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.Во оваа акција беа вклучени децата згрижени од повеќе граѓански организации, односно Дневниот центар за деца на улица „Шуто Оризари“, СОС Детско село, Центарот за интеграција „Амбрела“, Центарот за образовна поддршка „Дендо вас“, Центарот за социјална интеграција „Надеж“ и Здружението за развој на ромската заедница во Република Македонија „СУМНАЛ“.„Со оваа донација, Бимилк ги израдува децата и им прати една убава порака и мотив да продолжат со своето образование. Се надеваме дека со ова ќе ги мотивираат и другите компании да покажат општествена одговорност кон едукативните центри каков што е нашиот, кои им помагаат на децата да останат во образовниот процес. Нашата желба е бизнис-секторот да ја увиди важноста за обезбедување еднаков пристап до образование и заедно со едукативните центри да им овозможи директна помош на децата што имаат потреба од тоа“, изјави Катерина Смилева, координатор за односи со јавноста на Ц.С.И. „Надеж“.Инаку, оваа акција за сладок почеток на учебната година со „Моја Кравица“ е започната во 2017 година кога компанијата посетуваше повеќе основни училишта низ земјата, а од Бимилк велат дека „слатката“ традиција за првачињата, и за учениците воопшто, ќе продолжи и понатаму.

Mission News Theme by Compete Themes.